Старите лабуништани живееле од својот труд. Во многубројните семејства, обврските се распределувале уште одвечер. Старешината на куќата одредувал кој што ќе работи следниот ден: некој да се грижи за стоката, некој да донесе дрва, некој да оди на пазар. Дел од членовите биле на печалба и оттаму придонесувале за издржувањето на семејството.
Една од најголемите вредности на мудростите на старите лабуништани е нивната трајност. Нешто што некогаш го кажале во една кратка реченица, со само неколку збора, и денес звучи како да е изговорено вчера и како да се однесува токму на нас.
Колкумина сме ги сметале за блиски луѓе, за пријатели со кои сме пиеле кафе и сме воделе обични, секојдневни разговори. Биле пристапни, умееле да сослушаат и да се пошегуваат. Но, штом дошле до некоја одговорна функција, почнале да се однесуваат така што сме се прашувале дали се тоа истите луѓе.
Старите лабуништани живееја во големи семејни заедници. Под еден покрив се собираа повеќе поколенија, се делеше лебот и заеднички се носеа грижите на куќата.
Иако старите лабуништани најчесто немале можност да се школуваат, многу ги ценеле знаењето и образованието. Животот рано ги упатувал кон работата, а многумина и кон печалбата. Затоа посакувале нивните деца да го продолжат школувањето и да добијат можности што ним им биле ускратени.
Интересно е што зборот „муабет“ потекнува од арапскиот збор *махабба* (محبة), што означува љубов, наклонетост и приврзаност. Преку турскиот јазик, каде што *muhabbet* означува и љубов и пријатен разговор, овој збор станал дел од нашето секојдневие.
Од циклусот „Мудрости на старите лабуништани“
Старите лабуништани во принцип се труделе сè што заработувале за живот и сè со што ги прехранувале своите семејства да биде стекнато на дозволен и чесен начин — што би се рекло, со пот заработено. Особено се внимавало заработката да биде алал.
Секое село отсекогаш имало луѓе на кои како главна работа да им била да се занимаваат со животот на другите. А кога ќе немале што да прераскажуваат, знаеле и да измислат, само да не им помине денот без туѓо име во устата.
Ова кажување е поврзано со една понова генерација лабуништани и со времето кога, со воведувањето на повеќепартискиот систем, изборите и предизборните кампањи станаа дел од секојдневието и во нашето село.
Лесно е да се избира и да се одлучува кога последиците од изборот ќе ги трпи некој друг.
Старите лабуништани, покрај тоа што биле познати како добри мајстори, биле прочуени и по своите занаети. А занаетчиските работилници не биле само места каде што се работело и заработувало. Тие често биле и места за средба, разговор и дружење.
Печалбарската традиција кај старите лабуништани има длабоки и далечни корени. Уште од времињата за кои се памети и се прераскажува, меѓу жителите на Лабуништа имало луѓе кои заминувале далеку од своите домови и семејства, во потрага по работа и подобра егзистенција.
Кога ќе умрам, не сакам околу мене да правите големи церемонии, ниту многу да ми учите Јасин и хатми. Само едно сакам да ви оставам во аманет...
Кога ќе се слушне дека некој се разболел, а особено ако станува збор за потешка болест, ретко кој останува рамнодушен. Роднини, другари, комшии и познаници одат да го посетат и му посакаат побрзо закрепнување.
Кога ќе станело збор за изградба на пат, училиште, џамија, црква, чешма, мост или некој друг хајрат, луѓето се здружувале и, секој според своите можности, учествувале во заедничката акција.
Старите лабуништани немале можност за високо образование. Животот рано ги упатувал кон работата, наместо кон училишните клупи. Но, меѓу нив имало луѓе со природна интелигенција, бистра мисла и животна мудрост од кои можело многу да се научи.
Старите лабуништани не донесувале лесно и набрзина суд за човек кого не го познавале добро, ниту го граделе своето мислење за другите врз основа на туѓи зборови и прераскажувања. Знаеле дека секоја кажана приказна не е и целосна вистина и дека човекот најдобро се запознава преку личниот однос и непосредното искуство.
Старите лабуништани умееле со една кратка и духовита реченица да кажат повеќе отколку што понекогаш можат да објаснат цели страници. Нивните кажувања биле родени од животното искуство, од секојдневните маки и од внимателното набљудување на луѓето. Зад шегата често се криела сериозна вистина, а зад едноставните зборови — длабока животна поука.
Старите лабуништани умееле преку шега и досетка да кажат големи вистини. Затоа и ова кажување за аџо Јашар останало да живее меѓу народот како симболична порака дека кога поддршката изостанува таму каде што најмногу ја очекуваме, тогаш и најдобрите намери и најголемите напори тешко можат да успеат.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
Старите лабуништани живееле од својот труд. Во многубројните семејства, обврскит...
ООУ „Мурат Лабуништи“ - Лабуништа објавува повик за избор на учесници во рамките...
Високото минаре, осветлено од сите страни, ги привлекува погледите од различни д...
Одобрениот проект претставува важен чекор кон решавање на долгогодишниот проблем...
Денес се врши монтажа на ПВЦ-столаријата на џамијата, со што продолжуваат работи...
Денес, 13 ноември, во спортската сала на ООУ „Мурат Лабуништи“ – Лабуништа, се о...
За децата на ФК Лабуништа Јуниор ова беше прво искуство на фудбалскиот терен во ...