Лабунишки Мудрости Лабуништа Новости Вторник 11.08.2026
Лабуништа отсекогаш имало свои синови, познати по подготвеноста да придонесуваат за сè што било од заеднички интерес за жителите на селото – честопати и многу повеќе отколку што се очекувало од нив.
Кога ќе станело збор за изградба на пат, училиште, џамија, црква, чешма, мост или некој друг хајрат, луѓето се здружувале и, секој според своите можности, учествувале во заедничката акција. А кога таквата акција, од која било причина, не успевала, секогаш се наоѓале поединци подготвени врз себе да ја преземат целата обврска.
Таков е и случајот со мостот кај селското училиште, во близина на Долната џамија, кој ги поврзува двата дела на селото.
Откако не успеала акцијата за собирање доволно средства за изградба на мост над селската река, се јавил аџо Шабан и решил самиот да ја преземе обврската за неговата изградба.
Мостот бил од особено значење за учениците кои секојдневно оделе во селското училиште. Во тоа време, според кажувањата, училиштето го посетувале повеќе од илјада и четиристотини ученици.
Во изградбата учествувал и самиот аџо Шабан, заедно со неколку мајстори кои ги плаќал на дневница. Според неговите зборови, мостот се градел дваесет и два дена, а изградбата чинела околу еден милион и четиристотини илјади тогашни динари.
Во тоа време аџо Шабан сезонски работел во Кичево, каде што продавал лимонада и добро заработувал. Бидејќи често патувал од родното место до Кичево и назад, собирал пари за да си купи автомобил и така да си го олесни патувањето.
Но токму кога успеал да ги собере потребните средства, се појавила потребата од изградба на мостот.
Тогаш аџо Шабан донел одлука што можеби најдобро зборува за неговиот карактер, несебичност и љубов кон родното место.
Рекол:
„За мене, мостот за селово е поважен од мојата кола.“
Со тие зборови и со своето дело, аџо Шабан не изградил само мост над селската река. Изградил и еден друг мост – мост меѓу поколенијата, мост на добрината, пожртвуваноста и грижата за општото добро.
Неговата постапка нè потсетува дека вистинската големина на човекот не се мери според она што го поседува, туку и според она од што е подготвен да се откаже за доброто на другите.
Мостот останал да им служи на сите. И сè додека преку него минуваат луѓе и тој им користи на генерациите, да се надеваме дека за аџо Шабан тече наградата на трајното добро и по неговата смрт.
А неговите зборови остануваат да сведочат за едно време и за едно сфаќање на животот во кое личниот интерес умеел да отстапи пред интересот на заедницата.
Некои луѓе си купуваат автомобил за полесно да го поминат својот пат, а некои градат мостови за полесно да поминуваат сите.
Токму тие остануваат запаметени како вистински добротвори.
Аллах нека го награди аџо Шабан со најубава награда и нека го запише ова негово дело како трајно добро што ќе му носи награда и по заминувањето од овој свет. Амин.
✍️ Јакуб Казимоски
Од циклусот „Мудрости на старите лабуништани“
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...