Недела 20.09.2026
Вклучи се во нашата заедница
Umbrella
ТОП
04:45
Имсак
05:44
Сабах
06:19
Сонце
12:40
Полден
16:05
Икиндија
18:49
Акшам
20:14
Јација

Контактирај со месната заедница на Лабуништа

Прегледи: 1.392.374

Контактирај со месната заедница на Лабуништа

Последниот аманет на аџи Арслан Ќазимоски ефендија

Лабунишки Мудрости Вторник 18.08.2026


АКО НАВИСТИНА МИ САКАТЕ ДОБРО — КЛАЊАЈТЕ НАМАЗ

Последниот аманет на аџи Арслан Ќазимоски ефендија

Лабуништа во минатото имало свои оџи, и тоа во поголем број. Некои од нив служеле како имами во една од двете селски џамии — Горната и Долната џамија, некои предавале веронаука во селското училиште, а други биле на служба како имами во џамиите на околните села. Меѓу нив имало школувани имами, но и такви кои својата верска наобразба ја стекнувале покрај постарите и поискусни оџи.

Меѓу школуваните имами посебно место заземал аџи Арслан ефендија, кој долго време служел како имам во Долната џамија. Својата наобразба ја стекнал во учителско-медресанска школа во Битола, а за време на својата служба бил и селски матичар.

Се одликувал со смиреност, проницливост, ведрина и мудрост. Бил ценет и почитуван не само во Лабуништа, туку и пошироко, а како имам извесно време служел и во други места.

Она што особено сакам да го забележам во оваа прилика се неговите зборови, изговорени пред да се пресели на Ахирет. Оваа случка лично ја слушнав од еден од неговите синови, кој беше редовен џематлија во времето кога и јас служев како имам во истата Долна џамија во која некогаш служел неговиот татко.

Во длабока старост, кога болеста веќе го врзала за постела, аџи Арслан ефендија им се обратил на своите синови:

„Кога ќе умрам, не сакам околу мене да правите големи церемонии, ниту многу да ми учите Јасин и хатми. Само едно сакам да ви оставам во аманет: ако навистина ми сакате добро и по мојата смрт — редовно клањајте намаз.“

Синовите го погледнале зачудено, а тој им објаснил:

„Ако редовно клањате намаз, секој ден ќе ја учите довата:

“Раббена-гфир ли ве ли-валидајје…”

“Господару наш, прости ми мене и на моите родители.”

Така, секој ден ќе се сеќавате на мене во вашите дови. За мене тоа ќе биде повеќе од доволно.“

Неговите синови добро ја разбрале последната порака на својот татко и навистина останале меѓу оние кои редовно го извршувале намазот.

Во овие едноставни зборови се крие голема родителска и верничка мудрост. Аџи Арслан ефендија не го потценувал учењето Куран, хатмата или довата за починатите. Напротив, сакал на своите деца да им остави уште подлабока порака: да не се сеќаваат на својот татко само повремено, туку нивната вера и намазот да бидат трајни, а довата за родителите — секојдневна.

Токму на тоа нè потсетуваат и зборовите на Аллаховиот Пратеник, а.с., дека кога човекот ќе умре, неговите дела престануваат освен во три случаи: трајна садака, знаење од кое луѓето имаат корист и добро воспитано дете кое прави дова за него.

Аџи Арслан ефендија, всушност, не барал само неговите деца да се сеќаваат на него по неговата смрт. Сакал да остави зад себе деца кои ќе останат во намаз, во вера и во дова.

Зашто вистинското наследство не се мери само со она што ќе им го оставиме на децата во раце, туку и со она што ќе го оставиме во нивните срца. Имотот може да се потроши, споменот може да избледи, но верата, намазот, добриот карактер и довата што ќе продолжат по нас — тоа е наследство што трае.

Зашто едно е да им оставиш нешто добро на своите деца, а сосема друго — зад себе да оставиш добри деца.

✍️ Јакуб Казимоски

Од циклусот „Мудрости на старите лабуништани“

Прегледи: 1794

Биди умен

Во џума не излегви со кола.

#сподели
Најчитани новости
Неверојатната Приказна на Мухаммед Хусрев од Лабуништа: Живот Полн со Борба и Наследство
Неверојатната Приказна на Мухаммед Хусрев од Лабуништа: Живот Полн со Борба и Наследство
Недела 26.01.2025

Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...

Пронајден камен со природни арапски написи „Аллах“ и „Мухаммед“ во Лабуништа
Пронајден камен со природни арапски написи „Аллах“ и „Мухаммед“ во Лабуништа
Сабота 30.08.2025

При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...

Пресели Д-р Минур Мемишоски – Почитуван Стоматолог
Пресели Д-р Минур Мемишоски – Почитуван Стоматолог
Сабота 15.02.2025

Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...

Се продава куќа со двор во Лабуништа – 540 м² куќа + 1500 м² двор
Се продава куќа со двор во Лабуништа – 540 м² куќа + 1500 м² двор
Среда 03.09.2025

Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...

Масовен јавен собир во Лабуништа: Граѓаните бараат решенија за проблемите со обложувалниците и гејминг клубовите
Масовен јавен собир во Лабуништа: Граѓаните бараат решенија за проблемите со обложувалниците и гејминг клубовите
Петок 24.04.2026

Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...

Познато новото раководство на Лабуништа – еве кој ќе ја води месната заедница!
Познато новото раководство на Лабуништа – еве кој ќе ја води месната заедница!
Сабота 10.01.2026

Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...

Ејлем Бекироска од Лабуништа освои бронзен медал на меѓународниот натпревар INFOMATRIX ASIA 2026 во Астана
Ејлем Бекироска од Лабуништа освои бронзен медал на меѓународниот натпревар INFOMATRIX ASIA 2026 во Астана
Петок 27.03.2026

Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...

Селото му посакува среќно пензионирање на Сафет Демиралеиски – човекот што ја пресметуваше не само математиката, туку и добрината
Селото му посакува среќно пензионирање на Сафет Демиралеиски – човекот што ја пресметуваше не само математиката, туку и добрината
Петок 31.10.2025

По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...

Честитка до д-р Ферид Салкоски од жителите на Лабуништа по повод стекнувањето на титулата субспецијалист по педијатриска пулмологија
Честитка до д-р Ферид Салкоски од жителите на Лабуништа по повод стекнувањето на титулата субспецијалист по педијатриска пулмологија
Петок 25.04.2025

Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...

Првите Лабуништани на Хаџ: Патување со трагичен крај
Првите Лабуништани на Хаџ: Патување со трагичен крај
Недела 09.02.2025

Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...