Лабуништа Новости Вторник 08.09.2026
Во Лабуништа целосно се исчистени дивите депонии кои подолг период претставуваа проблем за жителите и за изгледот на населеното место.
Во моментов се поставува и видеонадзор, со цел да се спречи повторното создавање диви депонии и несовесното фрлање отпад.
Дополнително, Месната заедница обезбеди и посебно место за возниот парк на ЈКП „Хигиена“, со што возилата на претпријатието повеќе нема да се паркираат низ улиците во Лабуништа, туку ќе имаат свое определено место. Во непосредна близина на возниот парк ќе биде определен и посебен простор за оставање кабаст отпад, каде што граѓаните ќе можат уредно да оставаат предмети како стари каучи и друг мебел, душеци, теписи и теписони, врати и прозорци, санитарии, поголеми предмети од домаќинството и друг кабаст отпад.
На овој начин ќе се овозможи ваквиот отпад да се собира на едно определено место, наместо да се остава покрај контејнерите, по улиците или да завршува на диви депонии.
Со овие активности, Лабуништа добива почиста, поуредна и поорганизирана средина. Сега останува сите заедно да го чуваме она што е исчистено и уредено.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...