Понеделник 14.09.2026
Вклучи се во нашата заедница
Umbrella
ТОП
04:38
Имсак
05:38
Сабах
06:13
Сонце
12:42
Полден
16:12
Икиндија
18:59
Акшам
20:26
Јација

Контактирај со месната заедница на Лабуништа

Прегледи: 1.382.675

Контактирај со месната заедница на Лабуништа

НЕ СУМ ПИСМЕН - Лабунишки Мудрости

Лабунишки Мудрости Лабуништа Новости Вторник 04.08.2026


Старите лабуништани немале можност за високо образование. Животот рано ги упатувал кон работата, наместо кон училишните клупи. Но, меѓу нив имало луѓе со природна интелигенција, бистра мисла и животна мудрост од кои можело многу да се научи.

Во селото имало неколкумина што редовно читале дневен печат и така биле добро информирани за случувањата во државата и во светот. Во долгите зимски вечери, кога конаците биле место за разговор, дружење и размена на искуства, тие најчесто го имале главниот збор. Нивните кажувања внимателно ги слушале и постарите и помладите.

Но, како и денес, секогаш ќе се најдел по некој што бил подготвен да расправа и да противречи, дури и кога немал доволно знаење за темата. За некои било поважно да не останат без последниот збор отколку да ја дознаат вистината. Еден од тие мудри лабуништани бил аџо Мерсим. Редовно читаше весници и знаеше многу меселиња и случки од постарите времиња. Речиси немаше конак на кој нема да раскаже нешто ново – било за настаните низ светот, било за луѓето и времињата што поминале. Неговите зборови не биле само интересни, туку и поучни.

Иако повеќето со задоволство го слушале, понекогаш ќе се најдел и по некој самоуверен „полуписмен“ кој веднаш почнувал да противречи и да бара расправија.

Аџо Мерсим не сакал долги дебати, а уште помалку неплодни расправии со тврдоглави луѓе кои никогаш не признавале дека можеби не се во право. Знаел дека има разговори од кои човек не добива ништо освен изгубено време и нарушен душевен мир.

Затоа, кога ќе почувствувал дека разговорот се претвора во бесцелно препукување, само благо ќе се насмевнел и со неколку зборови ја завршувал целата расправа:

„Не сум писмен.“

Со таа кратка реченица не признавал незнаење, туку покажувал мудрост. Повеќе му било важно да го сочува мирот отколку да ја докажува својата ученост. Знаел дека не секоја расправа заслужува одговор и дека понекогаш најголемата победа е да не влезеш во бесмислена дебата.

Токму затоа овие три збора останале запаметени како една од најубавите мудрости на старите лабуништани. Тие нè потсетуваат дека вистинската мудрост не е во тоа секогаш да кажеш повеќе, туку да знаеш кога е подобро да премолчиш.

А можеби токму во тоа најдобро се гледа разликата меѓу некогаш и денес. Некогаш навистина мудрите и знајните луѓе, како аџо Мерсим, од скромност знаеле да речат: „Не сум писмен.“ Не затоа што навистина биле неписмени, туку затоа што знаеле дека мудроста не се докажува со надвикување, ниту достоинството со победа во секоја расправа.

Денес, повторно, сè почесто сме сведоци на таквите појави. Оние што навистина поседуваат знаење и достоинство неретко се повлекуваат, зборуваат тивко и не чувствуваат потреба постојано да се докажуваат. Од друга страна, не е мал бројот на оние што со малку знаење, но со многу самоувереност, се претставуваат како најстручни, најповикани и најспособни. Понекогаш токму таквите стигнуваат и до највисоките општествени и политички функции, како гласноста да станала поважна од знаењето, а самоувереноста повредна од мудроста.

Старите лабуништани нè научија дека човекот не се мери по тоа колку зборува за себе, туку по тоа колку тежат неговите зборови и дела. Вистинската писменост не е само во дипломите и прочитаните книги, туку и во скромноста, разумот, воспитувањето и способноста човек да знае кога треба да зборува, а кога достоинствено да замолчи.

Можеби затоа реченицата „Не сум писмен“ денес звучи помудро од кога било. Зашто има времиња кога најголем знак на мудрост е скромноста, а најголем знак на неписменост е убеденоста дека човек знае сè.

✍️ Јакуб Казимоски

Од циклусот „Мудрости на старите лабуништани“

Прегледи: 740

Биди умен

Во џума не излегви со кола.

#сподели
Најчитани новости
Неверојатната Приказна на Мухаммед Хусрев од Лабуништа: Живот Полн со Борба и Наследство
Неверојатната Приказна на Мухаммед Хусрев од Лабуништа: Живот Полн со Борба и Наследство
Недела 26.01.2025

Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...

Пронајден камен со природни арапски написи „Аллах“ и „Мухаммед“ во Лабуништа
Пронајден камен со природни арапски написи „Аллах“ и „Мухаммед“ во Лабуништа
Сабота 30.08.2025

При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...

Пресели Д-р Минур Мемишоски – Почитуван Стоматолог
Пресели Д-р Минур Мемишоски – Почитуван Стоматолог
Сабота 15.02.2025

Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...

Се продава куќа со двор во Лабуништа – 540 м² куќа + 1500 м² двор
Се продава куќа со двор во Лабуништа – 540 м² куќа + 1500 м² двор
Среда 03.09.2025

Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...

Масовен јавен собир во Лабуништа: Граѓаните бараат решенија за проблемите со обложувалниците и гејминг клубовите
Масовен јавен собир во Лабуништа: Граѓаните бараат решенија за проблемите со обложувалниците и гејминг клубовите
Петок 24.04.2026

Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...

Познато новото раководство на Лабуништа – еве кој ќе ја води месната заедница!
Познато новото раководство на Лабуништа – еве кој ќе ја води месната заедница!
Сабота 10.01.2026

Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...

Ејлем Бекироска од Лабуништа освои бронзен медал на меѓународниот натпревар INFOMATRIX ASIA 2026 во Астана
Ејлем Бекироска од Лабуништа освои бронзен медал на меѓународниот натпревар INFOMATRIX ASIA 2026 во Астана
Петок 27.03.2026

Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...

Селото му посакува среќно пензионирање на Сафет Демиралеиски – човекот што ја пресметуваше не само математиката, туку и добрината
Селото му посакува среќно пензионирање на Сафет Демиралеиски – човекот што ја пресметуваше не само математиката, туку и добрината
Петок 31.10.2025

По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...

Првите Лабуништани на Хаџ: Патување со трагичен крај
Првите Лабуништани на Хаџ: Патување со трагичен крај
Недела 09.02.2025

Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...

Честитка до д-р Ферид Салкоски од жителите на Лабуништа по повод стекнувањето на титулата субспецијалист по педијатриска пулмологија
Честитка до д-р Ферид Салкоски од жителите на Лабуништа по повод стекнувањето на титулата субспецијалист по педијатриска пулмологија
Петок 25.04.2025

Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...