Лабуништа Новости Сабота 18.07.2026
Со голема тага ја примивме веста дека на 98-годишна возраст на Ахирет се пресели аџо Јусуф Саитоски роден во 1928 година – најстариот жител на Лабуништа.
Речиси еден век беше сведок на историјата на нашето село, оставајќи зад себе пример за чесност, скромност и силна вера. Аџо Јусуф беше човек кој редовно ги извршуваше петте дневни намази во џамија, ја сакаше науката и учените луѓе, а со својата мудрост, ведрина и насмевка внесуваше спокој кај секој што ќе го сретнеше.
Неговата добрина, благ карактер и убав збор ќе останат во трајно сеќавање кај генерациите што имаа чест да го познаваат.
Нека Семоќниот Аллах му ги прости гревовите, нека му ги прими добрите дела и нека го награди со најубавите степени на Џеннет. Искрено сочувство до неговото семејство, роднините и пријателите.
„Инна лиллахи ве инна илејхи раџиун.“
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...