Недела 20.09.2026
Вклучи се во нашата заедница
Umbrella
ТОП
04:45
Имсак
05:44
Сабах
06:19
Сонце
12:40
Полден
16:05
Икиндија
18:49
Акшам
20:14
Јација

Контактирај со месната заедница на Лабуништа

Прегледи: 1.392.372

Контактирај со месната заедница на Лабуништа

НЕКА Е ПОМАЛКУ, АМА БЕРИЌЕТНО ДА Е

Лабунишки Мудрости Вторник 25.08.2026


Печалбарската традиција кај старите лабуништани има длабоки и далечни корени. Уште од времињата за кои се памети и се прераскажува, меѓу жителите на Лабуништа имало луѓе кои заминувале далеку од своите домови и семејства, во потрага по работа и подобра егзистенција.

Тоа било многу пред седумдесеттите години на минатиот век, кога печалбарството во Лабуништа нагло се проширило и голем број мештани заминале на работа во Германија или во различни краишта на тогашна Југославија. Особено многу од нив се стационирале во Словенија, која со текот на времето станала едно од најзначајните печалбарски одредишта за лабуништани.

Но печалбарски патишта имало и многу порано. Старите раскажувале за лабуништани кои оделе на печалба во Белград и во Влашко — на просторот на денешна Романија — а се споменувале и поединци кои потрагата по заработка ги однела дури до Анадолија и Персија, на просторите на денешна Турција и Иран.

Каде и да оделе, едно било добро познато: печалбарскиот денар бил тежок денар. Зад него стоеле макотрпна работа, откажување, осаменост и долги денови поминати далеку од родниот дом.

Особено тешки биле разделбите. Родителите ги испраќале своите синови, децата останувале без татковците, а сопружниците со месеци, понекогаш и подолго, живееле разделени. А дома животот продолжувал во исчекување – кога ќе пристигне писмо, кога ќе дојде абер и, најмногу од сè, кога печалбарот повторно ќе се врати кај своите.

Но грижата на родителите не била само дали нивните деца ќе бидат здрави и безбедни во туѓината. Уште повеќе се грижеле да не тргнат по погрешен пат, да не се полакомат по поголема заработка и, далеку од семејството и родното место, да не заборават кои се и од каков дом потекнуваат.

Затоа при разделбата родителскиот аманет бил речиси секогаш ист: да не ги заборават оние што ги оставаат дома – родителите, сопругите и децата; да не заборават зошто заминуваат и за кого се трудат; и никогаш да не дозволат туѓината и парите да ги оддалечат од она што го понеле од својот дом.

И денес сме сведоци дека многумина од оние што го послушале овој родителски совет, што се чувале од лоши патишта и не дозволиле печалбата да ги оддалечи од вредностите што ги понеле од својот дом, со текот на времето напредувале и создале спокоен и достоинствен живот. Нивната чесна заработка донела добро не само ним, туку и на нивните семејства, оставајќи зад себе трага на труд, ред, почит и бериќет.

Но над сите совети, еден се издвојувал како најголем аманет: да се чуваат од арам заработка.

Старите добро знаеле дека нема вистински ајр во она што е стекнато на недозволен и нечесен начин. Зашто не е најважно колку човек ќе донесе дома, туку како го заработил и со каква совест го внел во својот дом.

Затоа при разделбата често им велеле:

„Сине, нека е и помалку, само бериќетно да е.“

Во таа кратка реченица била собрана цела една животна филозофија: подобро малку, но чесно и со мир во душата, отколку многу без ајр, без спокој и без бериќет.

Времињата се сменија, печалбарските патишта станаа полесни, а далечините пократки. Но човекот и денес е исправен пред истото искушение – дали ќе избере повеќе по секоја цена или помалку, но чесно и со мирна совест.

Старите лабуништани можеби немале големи школи, но имале животна школа. Знаеле дека не се мери сè со тоа колку пари човек ќе донесе дома, туку и со тоа како ги заработил, што зачувал од себе и каков се вратил кај своите.

Затоа нивното:

„Сине, нека е и помалку, само бериќетно да е“

не било само совет за заработката. Тоа било аманет за животот – да не се изгуби човекот трчајќи по повеќе, да не го продаде образот за пари и да не внесе во својот дом нешто во кое нема ајр и бериќет.

Нека е помалку — ама нека е чесно, нека е со хајр и нека е бериќетно.

Овој совет на старите лабуништани нека остане аманет и за сите идни генерации што ќе го напуштаат родниот крај во потрага по подобра егзистенција, каде и да ги однесе животот.

Зашто овој совет не припаѓа само на едно време и на една генерација. Тој е безвременски аманет: чесната заработка, чистата совест и бериќетот се темел врз кој се гради вистинската среќа, спокојот и благосостојбата на секое семејство.

✍️ Јакуб Казимоски

Од циклусот „Мудрости на старите лабуништани“

Прегледи: 389

Биди умен

Во џума не излегви со кола.

#сподели
Најчитани новости
Неверојатната Приказна на Мухаммед Хусрев од Лабуништа: Живот Полн со Борба и Наследство
Неверојатната Приказна на Мухаммед Хусрев од Лабуништа: Живот Полн со Борба и Наследство
Недела 26.01.2025

Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...

Пронајден камен со природни арапски написи „Аллах“ и „Мухаммед“ во Лабуништа
Пронајден камен со природни арапски написи „Аллах“ и „Мухаммед“ во Лабуништа
Сабота 30.08.2025

При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...

Пресели Д-р Минур Мемишоски – Почитуван Стоматолог
Пресели Д-р Минур Мемишоски – Почитуван Стоматолог
Сабота 15.02.2025

Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...

Се продава куќа со двор во Лабуништа – 540 м² куќа + 1500 м² двор
Се продава куќа со двор во Лабуништа – 540 м² куќа + 1500 м² двор
Среда 03.09.2025

Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...

Масовен јавен собир во Лабуништа: Граѓаните бараат решенија за проблемите со обложувалниците и гејминг клубовите
Масовен јавен собир во Лабуништа: Граѓаните бараат решенија за проблемите со обложувалниците и гејминг клубовите
Петок 24.04.2026

Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...

Познато новото раководство на Лабуништа – еве кој ќе ја води месната заедница!
Познато новото раководство на Лабуништа – еве кој ќе ја води месната заедница!
Сабота 10.01.2026

Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...

Ејлем Бекироска од Лабуништа освои бронзен медал на меѓународниот натпревар INFOMATRIX ASIA 2026 во Астана
Ејлем Бекироска од Лабуништа освои бронзен медал на меѓународниот натпревар INFOMATRIX ASIA 2026 во Астана
Петок 27.03.2026

Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...

Селото му посакува среќно пензионирање на Сафет Демиралеиски – човекот што ја пресметуваше не само математиката, туку и добрината
Селото му посакува среќно пензионирање на Сафет Демиралеиски – човекот што ја пресметуваше не само математиката, туку и добрината
Петок 31.10.2025

По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...

Честитка до д-р Ферид Салкоски од жителите на Лабуништа по повод стекнувањето на титулата субспецијалист по педијатриска пулмологија
Честитка до д-р Ферид Салкоски од жителите на Лабуништа по повод стекнувањето на титулата субспецијалист по педијатриска пулмологија
Петок 25.04.2025

Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...

Првите Лабуништани на Хаџ: Патување со трагичен крај
Првите Лабуништани на Хаџ: Патување со трагичен крај
Недела 09.02.2025

Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...