Новости Сабота 29.03.2025
Рамазан си замина, но дали и светлината си замина?
О, срце, зошто тагуваш? Зар не знаеш дека Рамазан не е месец што доаѓа и си оди, туку светло што останува во оној што го носи?
Го чекавме со копнеж, со раширени раце, како жеден патник што бара капка вода во пустина. Во неговите ноќи, верниците шепотеа молитви, а земјата ги впиваше нивните солзи. Џамиите беа жива роса, што го гасеше огнот на душите што бараат милост.
Сега, кога утрата повторно се будат без него, срцето прашува: „Каде исчезна тој мир?“
Но, о ти што веруваш, слушни: Рамазан не заминува, тој се претвора во сенка што те следи. Во секој добар збор што ќе го изговориш, во секоја дланка што ќе ја подадеш, во секој грев што нема да го сториш.
Лабуништа, немој да жалиш по него, туку чувај го во себе. Нека твоите улици и понатаму мирисаат на добрина. Нека твоите луѓе останат со срца омекнати од дови.
Зашто времето е како ветер – минува, но мирисот што го остава не исчезнува.
Рамазан си замина. Но, дали ти ќе го пуштиш да замине од тебе?
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...