Лабуништа Новости Недела 09.02.2025
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслимански обред Хаџ во далечната 1900 г. биле Ќазим Ќазимоски, Адил Беќироски и Раим Алилов. Нивното патување до светите места Мека и Медина претставувало долг и предизвикувачки пат, кој траел цела година.
Ова патување било исполнето со духовно значење и посветеност, но и со бројни искушенија. До Саудиска Арабија патувале со коњи додека таму патувале со камили. Откако успешно го обавиле обредот Хаџ, тие тргнале назад кон своето родно место, носејќи со себе духовни благослови и длабоки впечатоци од светите места.
Меѓутоа, нивното патување завршило трагично. При престојот во еден ан во Битола, тие починале од труење предизвикано од јаглероден моноксид. Причината за оваа несреќа била големата количина јаглен што горел во мангалот во просторијата каде што преноќувале. Овој трагичен настан оставил длабока тага и жал кај нивните семејства и заедницата во Лабуништа. Нивните тела се закопани во Битола.
Нивната посветеност и желба да го исполнат еден од основните столбови на исламската вера останале запаметени како пример за вера, истрајност и пожртвуваност.
Едната слика е од Хаџи Ќазим Ќазимоски додека другата слика е извадок од записи на стар лабуништанец.
Нашата верзија е базирана на извадокот од тој документ додека има уште една верзија каде се спомнува дека прв заминал Адил Беќироски и се вратил здрав и жив додека наредната година заминале Ќазим Ќазомоски и Раим Адилов и нивното патување завршило трагично. Во Битола има два гроба.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...
Адреналин, сила и страст кон оф-роуд возењето – тоа најдобро го опишува Енес „Па...
Во 2024 година, малото но деловно моќно село Лабуништа уште еднаш покажа дека пр...