Четврток 19.11.2026
Приклучете се на нашата заедница
ТОП
04:51
Имсак
05:53
Сабах
06:28
Изгрејсонце
11:31
Пладне
13:59
Икиндија
16:23
Акшам
17:52
Јација
Контактирајте со Месната заедница на Лабуништа
Прегледи: 1.645.932

Од циклусот „Мудрости на старите лабуништани“ : "Преку леб - погача"

Лабунишки Мудрости Вторник 17.11.2026


✍️ Јакуб Казимоски

Старите лабуништани живееле од својот труд. Во многубројните семејства, обврските се распределувале уште одвечер. Старешината на куќата одредувал кој што ќе работи следниот ден: некој да се грижи за стоката, некој да донесе дрва, некој да оди на пазар. Дел од членовите биле на печалба и оттаму придонесувале за издржувањето на семејството.

Работа имало за сите — и за помладите и за повозрасните, секој според својата сила и можност. Жените најчесто ги носеле домашните обврски и секојдневната грижа за подготвување оброци за бројното семејство. Во текот на пролетта, летото и есента се работело и се собирало потребното за што поподготвено да се дочека и полесно да се помине зимата.

Во многу куќи се живеело скромно, со приближно сличен животен стандард. Лебот што се ставал на трпезата бил плод на многу раце и заеднички труд. Затоа се знаела неговата вредност и се внимавало да се зачува стекнатото.

Не се дозволувало да се фрла преостанатата храна. Уште од мали, децата биле воспитувани дека, ако најдат парче леб на патот, треба да го подигнат, да го бакнат и да го остават на чисто место, каде што птиците ќе можат да го изедат. Преку таквите постапки се учеле на почит кон Божјите благодети и кон трудот вложен во секој залак.

Кога момчињата ќе стасале за женидба, а девојките за мажење, се склучувале бракови, најчесто меѓу семејствата во селото, иако невести доаѓале и од соседните села. Со проширувањето на семејството растеле и потребите, па секое поколение размислувало како да обезбеди подобар живот за себе и за своите деца.

Кај некои се јавувала желба за поголема заработка и поудобен живот. Работливите и способни домаќини, со труд, трпение и умешност, успевале да ги остварат своите планови. Нивниот успех бил радост за куќата, зашто од него имало корист целото семејство.

Но имало и такви што веќе имале добри услови за работа и заработка во семејното стопанство. Во нивната куќа се работело и се живеело подобро отколку во многу други семејства. Сепак, гледајќи како другите заминуваат на печалба или започнуваат поинаква работа, почнувале да мислат дека и самите на тој начин полесно ќе дојдат до поголема заработка.

Ја гледале туѓата добивка, а малку знаеле за откажувањата, неизвесноста и годините поминати далеку од домашните. Понесени од желбата што побрзо да го постигнат истото, не секогаш ги проценувале добро сопствените способности и условите што ги чекале. Така, и без поголема животна потреба, решавале да ја остават сигурната работа и да заминат од дома.

Старешината, кој добро ги познавал и нив и состојбата во куќата, пред заминувањето ќе ги посоветувал:

„Сине, не барај преку леб — погача. Фала Му на Бога, имаме работа, а Тој ни дал бериќет и во трудот и во нивите што ги обработуваме. Тука ти е семејството, тука имаш од што чесно да живееш. Не гледај само што заработуваат другите. Некои од нив мака ги натерала да заминат за да ги прехранат своите семејства.

Ако имаш добар план, размисли, посоветувај се и пресметај што можеш да направиш. Ама немој само по туѓото да тргнеш, па своето да го запоставиш. Да Му бидеме благодарни на Бога за она што ни го дал, да си ја работиме работата чесно и да се надеваме на уште поголема нафака и бериќет.“

И покрај најдобронамерните совети, некои сепак заминувале, уверени дека далеку од дома ги чека подобра иднина.

Но новата средина, непознатата работа, одвоеноста од блиските и неизвесната заработка барале повеќе сила и трпение отколку што очекувале. Кога надежите немало да се остварат, кај дел од нив се јавувало каење што пребрзо го напуштиле она што го имале. По извесно време, повторно се враќале дома.

Тогаш појасно ја разбирале грижата во зборовите на старешината. Тој знаел колку тешко се создаваат услови за сигурен живот и колку лесно човек може да ги потцени кога се споредува со другите.

Враќањето било можност повторно да се зафатат со работа, со поголема почит кон семејниот труд и кон она што претходно им изгледало недоволно. Искуството ги чинело време и мака, но им помогнало подобро да ја разберат вредноста на сопствениот дом и на заработениот леб.

И денес, пред да го напуштиме она што го имаме, добро е да знаеме кон што тргнуваме и што бара тој пат од нас. Туѓиот успех може да нè поттикне, но одлуките треба да ги носиме според сопствените можности и вистинските потреби. Да се стремиме кон подобро, а притоа да го цениме лебот што веќе е на нашата трпеза.

Ј.К. — “Мудрости на старите лабуништани”

Прегледи: 264
ЗБОР НА ДЕНОТ

Медиуми

Што значи „дезинформација“?

Неточна или измамлива информација што се шири намерно за да заблуди.

На пример

Некој измислува изјава на јавна личност и ја објавува како вистинска за да влијае врз читателите.

CC BY-SA 4.0

Секој ден ново прашање

Провери дали знаеш да возиш

Едно прашање. Една шанса. Колку добро ги знаеш правилата?

Како одговорија другите?
Точно
00%
Неточно
00%

Биди првиот што ќе одговори денес.

0 учесници во квизот денес

Според ситуацијата прикажана на сликатa:

Секој ден ново прашање

Избери ги сите точни одговори.

ЗБОР НА ДЕНОТ

Медиуми

Што значи „дезинформација“?

Неточна или измамлива информација што се шири намерно за да заблуди.

На пример

Некој измислува изјава на јавна личност и ја објавува како вистинска за да влијае врз читателите.

CC BY-SA 4.0

Секој ден ново прашање

Провери дали знаеш да возиш

Едно прашање. Една шанса. Колку добро ги знаеш правилата?

Како одговорија другите?
Точно
00%
Неточно
00%

Биди првиот што ќе одговори денес.

0 учесници во квизот денес

Според ситуацијата прикажана на сликатa:

Секој ден ново прашање

Избери ги сите точни одговори.

Биди умен

Во џума не излегви со кола.

#сподели
Најчитани вести
Неверојатната Приказна на Мухаммед Хусрев од Лабуништа: Живот Полн со Борба и Наследство
Неверојатната Приказна на Мухаммед Хусрев од Лабуништа: Живот Полн со Борба и Наследство
Недела 26.01.2025

Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...

Пресели Д-р Минур Мемишоски – Почитуван Стоматолог
Пресели Д-р Минур Мемишоски – Почитуван Стоматолог
Сабота 15.02.2025

Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...

Се продава куќа со двор во Лабуништа – 540 м² куќа + 1500 м² двор
Се продава куќа со двор во Лабуништа – 540 м² куќа + 1500 м² двор
Среда 03.09.2025

Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...

Пронајден камен со природни арапски написи „Аллах“ и „Мухаммед“ во Лабуништа
Пронајден камен со природни арапски написи „Аллах“ и „Мухаммед“ во Лабуништа
Сабота 30.08.2025

При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...

Масовен јавен собир во Лабуништа: Граѓаните бараат решенија за проблемите со обложувалниците и гејминг клубовите
Масовен јавен собир во Лабуништа: Граѓаните бараат решенија за проблемите со обложувалниците и гејминг клубовите
Петок 24.04.2026

Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...

Ејлем Бекироска од Лабуништа освои бронзен медал на меѓународниот натпревар INFOMATRIX ASIA 2026 во Астана
Ејлем Бекироска од Лабуништа освои бронзен медал на меѓународниот натпревар INFOMATRIX ASIA 2026 во Астана
Петок 27.03.2026

Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...

Познато новото раководство на Лабуништа – еве кој ќе ја води месната заедница!
Познато новото раководство на Лабуништа – еве кој ќе ја води месната заедница!
Сабота 10.01.2026

Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...

Селото му посакува среќно пензионирање на Сафет Демиралеиски – човекот што ја пресметуваше не само математиката, туку и добрината
Селото му посакува среќно пензионирање на Сафет Демиралеиски – човекот што ја пресметуваше не само математиката, туку и добрината
Петок 31.10.2025

По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...

Првите Лабуништани на Хаџ: Патување со трагичен крај
Првите Лабуништани на Хаџ: Патување со трагичен крај
Недела 09.02.2025

Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...

Честитка до д-р Ферид Салкоски од жителите на Лабуништа по повод стекнувањето на титулата субспецијалист по педијатриска пулмологија
Честитка до д-р Ферид Салкоски од жителите на Лабуништа по повод стекнувањето на титулата субспецијалист по педијатриска пулмологија
Петок 25.04.2025

Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...