Лабуништа Новости Петок 25.04.2025
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитки на д-р Ферид Салкоски по повод неговото успешно стекнување на титулата субспецијалист по педијатриска пулмологија.
Овој значаен професионален успех е резултат на долгогодишна посветеност, стручен развој и искрена љубов кон медицината и грижата за децата. Неговата заложба, како што и самиот истакнува – „Секое дете заслужува здив полн со живот“ – е инспирација за сите нас и уште еден доказ дека трудот и истрајноста секогаш водат кон високи цели.
Патот до тука не беше лесен, но како што самиот вели – секој момент вредеше.
Како заедница, исклучително сме горди што нашиот сограѓанин продолжува да се истакнува во медицинската наука и да придонесува во областа на детското здравје. Веруваме дека неговиот хуман пристап и експертиза ќе бидат од огромно значење за многу деца и нивните семејства.
Во оваа прилика му посакуваме уште многу успеси, здравје и професионално остварување во новата фаза од неговата кариера.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...
Адреналин, сила и страст кон оф-роуд возењето – тоа најдобро го опишува Енес „Па...
Во 2024 година, малото но деловно моќно село Лабуништа уште еднаш покажа дека пр...