Известувања Лабуништа Новости Петок 14.08.2026
Денес започна меморијалниот риболовен турнир „Крапска Дружба“, посветен на споменот на рахметли Азиз Нуроски, кој пред неполни два месеца ненадејно го напушти овој свет.
Турнирот кој е во организација на риболовното друштво "КарпФиш" од Лабуништа ќе трае до недела, а љубителите на риболовот ќе имаат можност да се натпреваруваат и да го одбележат споменот на Азиз преку заедничката страст кон риболовот и дружењето.
За освоените прво, второ и трето место, како и за најголемата уловена риба, предвидени се пехари и медали.
Уште на првиот ден од турнирот беше забележан одличен улов – крап со тежина од 9.350 грама.
Меморијалниот турнир „Крапска Дружба“ претставува убав начин да се зачува споменот на рахметли Азиз Нуроски и преку спортот, дружењето и заедничките моменти да продолжи сеќавањето на човекот кој остави трага кај своите блиски и пријатели и кај целата заедница.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...