Лабуништа Новости Понеделник 21.04.2025
Секој ден зборуваме за убавото – за Лабуништа како место на култура, традиција, гостољубивост. Но некако, во огледалото на реалноста, сè почесто се појавуваат пукнатини. Не од времето, туку од камењата. Камења фрлени од рацете на оние што треба да ја градат иднината – младите.
Ново поставено сферно огледало, поставено за безбедноста на сите, не издржа долго. Брзо беше претворено во мета. Не од невреме, туку од невоспитание.
Кога детето ќе фрли камен, не треба само огледалото да се скрши – треба да се скрши молкот. Молкот на родителот кој премолчува, на наставникот кој е оставен сам, на соседот кој не сака „да се меша“. А во меѓувреме, се мешаат камења, улици, графити и парчиња разбеснето детство.
Секоја пукнатина во тоа огледало не е случајна – таа е симбол. Симбол на тоа колку сме далеку од вредностите што ги проповедаме. И да, можеби тоа огледало не зборува, но ние мораме. Да зборуваме со децата, со родителите, со самите себе. Затоа, пред следниот камен да полета, запрашај се:
„Што гледам во тоа огледало?“
Ако гледаш иднина – застани.
Ако гледаш гнев – разговарај.
Ако гледаш празнина – почни да градиш.
Затоа што огледалото е повеќе од парче метал и стакло. Тоа е одраз на нас. А Лабуништа заслужува да гледа поубава слика.
Муаз Демишоски за инцидентот напиша:
"Кршењето на огледала за сигнализација, уништување на паркови, ѕидови со графити без смисла, тоа не се само „детски шеги“. Тоа е свесен чин на непочитување кон трудот на други, кон општеството и кон иднината. Некој вложил пари, време, труд – за безбедноста на сите. А некој друг, без капка почит, со еден камен го руши сето тоа.
Проблемот не е само во децата. Проблемот е во отсуството на дозволените граница кај децата, на воспитување, на пример. Кога возрасните молчат, кога родителите ја забораваат својата улога, кога училиштата немаат поддршка, тогаш расте немирна генерација што не знае што е ред, но уште помалку што е срам."
Рахим Исламоски за сличен инцидент пред неколку години го рече следното:
"Уште истиот ден кога ова сферно огледало беше поставено, падна во немила опсада од наши, млади јунаци. Јунаци! Се додека ја има буквата „а“ во „Јунаци“, не е алармантна ситуацијата, но ако ја снема „а“, тогаш од „Јунаци“ преминува во... 😃
Не дека не знаевме што ги очекува овие огледала, не дека не знаевме колку камења ќе јадат за вечера, туку знаевме дека немаат уста за да кажат. 😃 Драги мои јунаци, кога фрлате со камења, не го гаѓате огледалото, се гаѓате себеси, бидејќи тоа огледало е ваше.
Драги мои јунаци, кога го кршите огледалото, всушност ја кршите сликата за себе. Пред да фрлиш со каменот види си го ликот во огледалото, и прашај се себеси, дали тој лик во огледалото заслужува таков камен. Ако твојот одговор е „ДА“, тогаш фрлај, и не мисли се, друг е проблемот."
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...