Лабуништа Новости Вторник 07.07.2026
Вие не сте странци. Вие сте наши браќа и сестри. Добредојдовте дома, во вашето родно место, во Лабуништа – место каде што многумина ги направиле своите први чекори, ги научиле првите зборови и првпат го слушнале езанот.
Можеби животот ве натерал да заминете. Можеби потрагата по подобра егзистенција, неправдата или други околности ве оддалечиле од родниот крај. Но, едно никогаш не дозволувајте да се изгуби – љубовта кон своите корени, љубовта кон Лабуништа.
Раскажувајте им на своите деца за Лабуништа. Зборувајте им за убавината на селото, за чесните и гостопримливи луѓе, за деновите исполнети со вера, за џамиите, за езанот што одекнува низ улиците и за благодатта да се живее таму каде што практикувањето на верата е дел од секојдневието.
Не дозволувајте нивната врска со родното место да се прекине. Донесувајте ги со себе, нека ги запознаат своите роднини, своите соседи и местото од кое потекнуваат. Зашто човек без корени лесно ја губи својата припадност.
Да се потсетиме и на најубавиот пример. Кога Аллаховиот Пратеник саллАллаху алејхи ве селлем, направи хиџра од Мекка во Медина, тоа беше по Аллахова наредба. Но и покрај тоа, тој никогаш не престана да ја сака Мекка и да копнее по неа. Љубовта кон родниот крај остана во неговото благородно срце.
Затоа, не дозволувајте вашите деца да почувствуваат одбивност кон местото од кое потекнуваат. Напротив, всадете им љубов, гордост и почит кон Лабуништа. Нека знаат дека, каде и да живеат, секогаш имаат едно место што ќе ги пречека со отворено срце – нивниот роден крај. Добредојдовте дома. Лабуништа секогаш ќе биде ваш дом.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...