Лабуништа Новости Среда 08.07.2026
Со совршена оцена од 5.0 врз основа на 44 рецензии, ранчот на Шабан Адемоски станува едно од најпрепознатливите места за рурален и авантуристички туризам во регионот.
Секоја година ранчот привлекува гости од Холандија, Германија, Италија, Франција, Швајцарија, Белгија, како и од многу други европски земји, кои во своите рецензии не штедат пофални зборови за гостопримството, природата и незаборавното искуство.
Голема предност е и тоа што Шабан Адемоски комуницира на германски, англиски и италијански јазик, што им овозможува на странските посетители лесно да се договорат и уште од првиот контакт да се чувствуваат добредојдени.
Еве дел од нивните впечатоци:
„Совршено место за да се доживее автентичниот македонски рурален живот.“
„Јававме коњи низ шумски патеки до прекрасно панорамско место со неверојатен поглед.“
„Шабан е многу искусен со коњите и се погрижи и ние и животните да се чувствуваме безбедно и удобно.“
„По јавањето ни подготви едноставна, но неверојатно вкусна домашна вечера на логорски оган, а рибата беше уловена директно од неговото езерце.“
„Навечер седевме околу огнот, разговаравме и уживавме во музиката. Незаборавно искуство.“
„Одличен човек на прекрасно место! Јавање коњи, заедничко подготвување скара и вечера во природа – вистинска авантура.“
„Коњите се одлично подготвени, патеките се прекрасни, а погледите го одземаат здивот.“
„Толку ни се допадна првата тура што веднаш резервиравме уште една.“
„Со џип продолживме до планинско езеро, каде пиевме кафе и направивме пикник – ден како од бајките.“
„Водичот беше исклучително пријателски настроен, искусен и одлично ја познава планината.“
„Ако ја сакате природата и авантурата – ова е место што едноставно не смее да се пропушти.“
Ваквите зборови од посетители од различни делови на светот се најдобра потврда дека Подгорци, Лабуништа, Подгоречките и Лабунишките бачила имаат огромен туристички потенцијал. Автентичноста, гостопримството, прекрасната природа и традиционалниот начин на живот оставаат спомени кои посетителите ги носат со себе долго по враќањето дома.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...