Живот и здравје Четврток 06.02.2025
Драги браќа! Во оваа наша денешна хутба ќе се фокусираме околу три сегменти на одразување на верската култура или едеб. Односно правила на однесување во џамија, на пат и во семејството. Иако за целосно расветлување на оваа тема е потребно многу време и простор ние ќе се осврнеме само на најважните и најпотребни точки и забелешки кои се неминовни а присутни меѓу нас.
Убавиот ахлак и убавото однесување е многу вредно и ефективно дело. На тоа ни укажува Аллаховиот Пратеник с.а.в.с.: „Иманот не е само желба, туку она што се всади во срцето и што го потврдуваат делата.“ (Дејлеми) Аллаховиот Пратеник на прашањето што е вера? Одговорил: „Убав морал.“ А кога го прашале: „Што е најлошо?“ Одговорил: „Лош морал“. (Ахмед) Значи, вера е кодекс на однесување во секојдневниот живот. Дури и најголемата пофалба на Пејгамберот а.с. е онаа што Возвишениот Аллах џ.ш. ја потенцирал во куранскиот ајет:
وَ إِنَكَ لَعَلَى خُلُقٍ عَظِيمٍ „Навистина, ти си со најсовршен морал.“ (Ел-Калем, 4)
Околу коментарот на овој ајет, исламските научници изнеле различни мислења. Ибн Аббас и Муџахид велат дека зборовите ‘најсовршен морал’ значи: ‘со највозвишена вера, нема подрага вера со која е задоволен Аллах како што е верата ислам.
Што се однесување до верска култура или начин на однесување во џамија, мораме да внимаваме на некои правила:
عبد الله بن بسر قال كنت جالسا إلى جانبه يوم الجمعة فقال جاء رجل يتخطى رقاب الناس فقال له رسول الله صلى الله عليه وسلم أي اجلس فقد آذيت Абдуллах ибн Буср раскажува: „Бев седнат во денот на Џума во џамија, потоа дојде еден човек кој почна да ги прескокнува (поминува, гази) рамениците на луѓето за да оди напред. Тогаш, Пратеникот а.с. му рече: „Еј, седни, доста веќе вознемири.“ (Несаи)
Ако веќе сакаш да бидеш во првите сафови, тогаш дојди на време во џамија, згора на тоа ќе постигнеш огромна награда која ја ветил Пратеникот а.с.: „Да знаат луѓето што има (од севаб) во езанот и првиот саф, и потоа не најдат друго нешто освен натпреварување, ќе се натпреваруваа.. и да знаат што има (од севаб) во намазот на јација и сабах, ќе доаѓаа дури и ползејќи.“ (Бухари, Муслим)
Треба да се внимава да не се поминува пред клањачите додека се во намаз, за да не се деконцентрираат. Таа пракса исто така е присутна кај он-ие кои доцнат на намаз, а потоа се обидуваат да се пробијат до првите сафови. Да не преминува пред клањачите и не им го пресекува намазот. Бидејќи тоа е забрането. Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. рекол: „Да знае поминувачот пред клањачот каков грев е да му го пресече намазот, ќе стои и ќе чека четириесет... Чекањето му е подобро отколку да помине пред него.“ Ебу Надр вели: „Не знам дали рече: четириесет дена, или четириесет месеци или години.“ Исто така Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. рекол: „Подобро му е да стои и чека сто години, отколку да помине пред својот брат што клања.“ (Тирмизи) Исламските научници, главно, сметаат дека поминување пред клањачот е мекрух. Меѓутоа, Имам ен-Невеви и некои други сметаат дека поминување пред клањачот, без сутра, е харам.
Пожелност за верска хигиена, чистота, дотераност кога се оди во џамија Муслиманот е должен е да земе абдест, односно да се избања, да ја облече најубавата облека и се намириса. Возвишениот Аллах, вели: „О синови Адемови, убаво облечете се кога сакате да извршите намаз.“ Ова осoбeно е нагласено во случај на одење на петочниот намаз - џума и бајрам - намаз. Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, во хадисот кој го пренесува Абдуллах б. Омер, р.а., рекол: „Кога некој од вас сака да оди на џума - намаз, нека предходно се избања!“ А во преданието на Се’ид ел Худри, р.а, е нагласено дека Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: „Бањањето во пе-ток е должност на секој полнолетен човек, да ги измие забите и се намириса доколку има мирис.“
Забрането е за оној што јадел кромид или лук да присуствува во џамија.
Потребно е човекот што јадел лук или кромид да не присуствува во џамија бидејќи ги вознемирува клањачите со непријатниот мирис. Аллахо-виот Пејгамбер с.а.в.с. рекол: „Кој јадел лук или кромид, нека не присуствува во џамија туку нека седи во својата куќа.“ (Бухари) Во друго предание стои: „Кој ќе јаде од тоа непријатно миризливо растение нека не се приближува до нашата џамија, إِنَّ الْمَلائِكَةَ تَتَأَذَّى مِمَّا يَتَأَذَّى مِنْهُ بَنُو آدَمَ бидејќи мелеките се вознемируваат од она од што се вознемируваат луѓето.“ (Бухари, Муслим) Внимание: Во однос на лук и кромид се споредува секоја друга непријатна или грозна миризба од која се вознемируваат клањачите (како цигари), или други миризби кои произлегуваат од телото или облеката. Затоа муслиманот треба да се дотера и согледа себеси да не ги вознемирува други клањачи.
Кревање глас во џамија. Саиб ибн Језид вели: „Бев во џамија. Се задржав со еден човек. Омер р.а. кој беше присутен ми рече: „Оди и доведи ми ги оние двајца.“ 'Ги дове-дов, а тој ги праша: „Кои сте вие двајца?“ „Од каде сте?“ Рекоа: „Од Таиф.“ Рече: „Ако бевте од жителите на Медина, ќе ве удрев, кревате висок глас во џамијата на Пејгамберот а.с.“ (Бухари)
Дозволено е да се прави муабет во џамија за дуњалучки работи кои не се противат на верата. Се пренесува дека тоа го правел Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. и него-вите асхаби. Џабир ибн Семуре р.а. вели: „Асхабите разговарале (во џамија) и за работи од предисламскиот период и се смееле, и Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. се потсмевнувал.“ (Муслим, Ахмед)
Втор сегмент на културно однесување кој сакаме во денешната хутба да го споменеме е правила на однесување на пат. Можеби некој ќе се запраша зарем и за тоа постојат верски прописи и правила. Му одговараме: „Да“ Послушајте го хадисот на Ресулуллах а.с. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., ни забранува непотребно стоење покрај пат, бидејќи тоа се смета за губење на време. Меѓутоа, ако дојде до тоа, како нешто што е јавна работа, тогаш мора да се почитуваат обврските спрема патот: наведнување на поглед, возвраќање на селам, воздржување од лоши дела и наредување на добро и спречување на зло! Еве го хадисот кој ги потенцира горенаведените правила:
إِيَّاكُمْ وَالْجُلُوسَ بِالطُّرُقَاتِ». قَالُوا: يَا رَسُولَ اللّهِ مَا لَنَا بُدٌّ مِنْ مَجَالِسِنَا نَتَحَدَّثُ فِيهَا. قَالَ رَسُولُ اللّهِ : «إِذَا أَبَيْتُمْ إِلا الْمَجْلِسَ، فَأَعْطُوا الطَّرِيقَ حَقَّهُ». قَالُوا: وَمَا حَقُّهُ؟ قَالَ: «غَضُّ الْبَصَرِ، وَكَفُّ الأَذَىٰ، وَرَدُّ السَّلاَمِ، وَالأَمْرُ بِالْمَعْرُوفِ وَالنَّهْيُ عَنِ الْمُنْكَرِ „Чувајте се од седење покрај пат!“ Асхабите рекле: „Неопходно е да стоиме покрај пат оти си разговараме (си муабетиме).“ Рекол: „Ако веќе сте одлучиле да стоите покрај пат, тогаш дајте му го правото на патот!“ Рекле: „Кое е правото на патот?“ Рекол: „Наведнување на погледот, отстранување на пречки, враќање на селам, наредување на добро и одвраќање од зло.“ (Бухари) Во некои преданија стои и „упатување на скитникот“.
Дали ние кога ќе се најдеме на пат или во чаршија ги исполнуваме овие работи? Треба да обрнеме внимание на фактот дека она што го наредуваме дали и самите тоа го применуваме, оттука почнува вистинската борба против своите страсти, заблуди, предрасуди кои човекот го туркаат во грев. Иса а.с. порачал: „Најпрвин советувај се самиот себеси, а потоа другите!“
И последен сегмент за кој ќе зборуваме денес, е култура на однесување со семејството: Практикување на прописите кои се спомнати во хадисите на Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., како што е постојано спомнување на Аллах џ.ш., разменување на насмевка, употреба на мисвак, барање дозвола за влез, давање селам, шегување во границите на дозволено, почитување на постари… Барање дозвола за влез кај мајка, сестра и блискиот роднина. Заради безбедност на погледот да не види нешто срамно или грешно. Алкаме вели дека некој човек го прашал Ибн Мес’уд : „Дали да барам дозвола кај мајка ми?“ Рече: „Сигурно дека таа не сака да ја видиш во секоја околност.“ Хузејфе вели: „Ако не побараш дозвола кај мајка ти ќе видиш кај неа нешто што мразиш.“
Пренесува Муслим во неговата автентична збирка на хадиси дека Мухаммед а.с. рекол: „Кога човекот пред влегување дома или пред јадење го спомне името на Аллах џ.ш., шејтанот вели: Нема за нас овде престој ниту вечера, а ако човекот влезе и не го спомне името на Аллах џ.ш, шејтанот вели: Заслуживте престој, (преноќиште) а ако не го спомне името на Аллах џ.ш. при јадење, шејтанот вели: Осигуравте преноќиште и вечера“ (Ахмед)
Се пренесува од Аиша р.а. дека Мухаммед а.с. кога влегувал дома, почнувал да ги чисти забите со мисвак. (дрвце кое се употребува за чистење на заби) (Муслим) Општи адаби на однесување од нежност, благост, ведрина во лице, убаво зборување и почитување. Сето тоа спаѓа во учтиво однесување кое го порачува Аллах џ.ш. со зборовите: „Учтиво однесувајте се кон нив.“ (Ен-Ниса, 19) Исто така тоа е порака на Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. на прошталниот говор на Арефат: „Ви препорачувам добро да се однесувате кон жените.“ (Муслим) Еве како нè поучува Аллаховиот Пратеник с.а.в.с., да бидеме спрема нашите жени, за жал, овој едеб кај нас многу недостасува, послушајте:
إن أعظم الصدقة لقمة يضعها الرجل في فم زوجته „Највредна (најголема) садака е човекот да стави залак во устата на својата сопруга.“ (Бухари, Муслим)
Аллаху екбер! Највредна милостиња, добро дело се смета поигрување, нежност, романса со својата сопруга. Тоа е мало дело но со големо значење, тоа е израз на почит кои разумните жени длабоко го вреднуваат. Поигравање и примилкување на жената. Ако погледнеме во био-графијата на Аллаховиот Пејгамбер с.а.в.с. ќе видиме како тој се забавувал и поигрувал со своите жени. Се пренесува неговиот натпревар со Аиша р.а. во трчање. Пејгамберот а.с. рекол: „Секоја разонода на човекот е безвредна освен гаѓање со лак, одгледување на коњ и поигравање со својата жена, тие се вистинити работи.“ (Тирмизи)
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...
Адреналин, сила и страст кон оф-роуд возењето – тоа најдобро го опишува Енес „Па...
Во 2024 година, малото но деловно моќно село Лабуништа уште еднаш покажа дека пр...