Среда 29.04.2026
Вклучи се во нашата заедница
Umbrella
03:45
Имсак
04:59
Сабах
05:34
Сонце
12:44
Полден
16:32
Икиндија
19:41
Акшам
21:21
Јација

Контактирај со месната заедница на Лабуништа

Прегледи: 1.103.624

Контактирај со месната заедница на Лабуништа

Колумна: Тотална ликвидација - Сафет Беќироски

Колумни Среда 05.02.2025


Образованието е темел на едно општество и тоа е опшествено условено. Преку него се јакнат економските, политичките и општествотените капацитети. Вложувањето во него секогаш е сигурна инвестиција. Дали тоа важи и за нашата држава? Не би рекол.

,,Паметноме и ишарет је доволјан доказ,,

Познато е дека, секоја држава која вложува во своето образование не е случајно богата држава, така на пример ќе ги споменеме скандинавските земји кои ги имаат едни од најдобрите образовни системи, а со тоа и високи плати и висок економски стандард. Секогаш образованието и економскиот раст одат рака под рака.

Кои се главните претпоставки за успешен образован систем?

-Високи плати на просветните работници.

Со високите плати, наставниците се мотивирани за работа, не треба да работат друга работа за да опстанат, а со тоа се фокусирани на својата работа за да бидат креативни во наставата, да можат да се посветат сто проценти во својата професија, да можат на мира да се подготват за утрешниот училишен ден, а не да се мислат колкав аргат ќе стават после нивниот ангажман во училиштето и на крајот од денот исцрпени да дојдат дома.

И покрај сето горенаведено, нашата држава во овие 34 години, реши нашето образование да го стави на тотална распродажба или ликвидација со тоталниото деградирање на наставничката професија и ставање на евтина цена на истата. ,, Ја зголемивме платата 5 % во образованието '' Историско зголемување! Не, вие не ја зголемивте платата вие го ставате образованието на тотална распродажба!

Моменталната плата на вработените во образованието не стигнува

метафорички ,,ниту за чипс,,.

Платите во образованието, од кога се формира оваа држава, па се до денес требаа експоненцијално секоја година да растат :22=4,42=8 82=16,162=32 Еве да не аздисуваме нека биде линеарно зголемувањето,или 2+2=4;4+2=6;6+2=8...., затоа што, тоа е најважна општествена гранка. Но тоа, за жал, не се случи и не се случува. Исто така според многу параметри и статистики, вложувањето во наука и научни истражувања и нивниот удел во БДП, кое е мизерно во нашата држава, исто така ја става нашата држава во положба да биде претставена како обична капка во целокупниот научен и истражувачки светски океан.

Од друга страна, во обид да се оправдаат мизерните зголемувања на платите, некои лаици, сметаат дека платите на наставниците треба да бидат исти, а не да се зголемат заради тоа што наставниците не работат на лето и во текот на зимскиот распуст. Тоа е основно непознавање на психологијата на учење. Некој го смислил распустот за да се рекапитулираат резултатите од учењето во текот на учебната година.За да се одмори мозокот од учење и да '' легне'' знаењето.

На крајот од текстот ќе добиете прашање кое треба да му го поставите на вашето дете, па ако тоа ви одговари потврдно, тогаш може да ги терате наставниците да работат во летниот период и во зимскиот период.

Лично сметам дека и 100 % да ја зголемите платата, не можете да му се оддолжите на наставниците, за тоа што вашето дете ќе биде описменето, ќе знае да решава задачи, ќе знае биологија, географија,да зборува странски јазици, ќе биде дигитално описменето итн.

Која е идеалната '' утопистичка плата''?

Платата во образованието треба да биде, еве да лупнам, 1500 евра чиста плата, во сите степени на образование. Само со тоа може да ги задоволите економските потреби на наставниците и нешто да им остане за решавање на станбено прашање, летување, рекреација и др. Инаку ќе продолжи трендот со дефицит на кадри посебно во предметната настава во училиштата, за кој сме сведоци во денешната состојба каде што не може да најдете математичари, географи, хемичари и други слични професии да работат во училиштата.

Каде ќе најдеме финансии за толкава плата?!!

Самото зголемување на платите на вработените во образованието ќе ви донесе економски раст и развој, но секако треба да се постават високи критериуми за учење на сите степени на образование за да биде ефикасно и ефективно зголемувањето на платите. Инфантилно е да барате економски раст и развој без зголемување на вложувањето во науката и образованието. Или да сакате зголемување на економијата со мали плати во образованието и слаб удел на БДП во научно истражувачката дејност. Природните ресурси и богатства носат најголем раст на економијата, а тие најефикасно и најефективно се искористуваат со науката и вложување во научната дејност. Шумарски инжинер може да ви каже како најефикасно да го искористите пресеченото дрво, геолог може да ви каже каде да најдете руда или да ископате тунел за автопат на сигурен и безбеден терен, доктор или хемичар може да ви каже кои се најефикасни природни билки за изработка на лекови, машински инжинер може да направи линија за сериско производство и др.

  • **Повисок квалитет на сите степени на образование Повисокиот квалитет на образованието ќе продуцира спремни кадри за да излезат во пресрет на пазарот на труд во сите професии, посебно го нагласуваме ова за факултетите кои се однесуваат на наставничката и училишната професија. Универзитетите треба да ги заострат критериумите за полагање испити, да има повеќе пракса, подобро поврзување на теоријата и праксата, применливост на знаењата итн. Би одел дури и подалеку и поригорозно со подобрување на квалитетот на образованието со воведување на евалуација или вреднување на решенијата за работа во образованиот сектор или ревизија на секои 5 години, со тоа што би вовел правило, за тие наставници што нема да постигнат задоволувачки резултати на евалуациите, да им се намали платата, да им се одземат решенијата на одредено време итн.

-Подобро воспитување на децата од страна на родителите.

Доброто воспостано дете е подарок за наставникот. Со него лесно се работи.

Сведоци сме дека се губи половина од училишниот час во воспоставување на дисциплина на часот ,тоа е резултат на лошиот однос во воспитувањето на децата од страна на родителите.

,, Мое е детето, јас ќе го воспостам, а не ти наставнику,, Ова се јалови изреки кои родителите ги изговараат само на уста и обиди да се лиши наставникот од улогата на воспитувач, и истите родители не ги спроведуваат во пракса овие зборови. Родители, вие сте најголеми авторитети на вашето дете, искористите го тоа да го воспитате на правилен начин со тоа што ќе поминувате дел од вашиот ден со него. Тоа е најмалку што може да направите за да му помогнете на образованиот систем во нашата држава.

-Програми за работа

Измислувањето на топла вода не му треба на нашиот образовен систем. Тоа посебно се однесува на безбројните реформи, кои се носат без да се видат ефектите и ефикасноста од истите, како на пример воведување на Кембриџ програмата која според некои наставници не одговара на нашето образовно тло. Добро би било да се вратат старите наставни програми во училиштата. Тие продуцираа во минатото квалитетни ученици,, Тим што победува не се менува". Учебниците кои се врската помеѓу наставникот и учениците, да го поттикнуваат критичкото размислување кај учениците и да го будат креативниот дух кај наставниците . Ако земате елементи на образовниот систем од повеќе држави без соодветна методологија правите само copy-paste,или плукни-залепи и не може да очекувате успех.

И за на крај, прашањето кое треба да му го поставите на вашето дете.

Би седело ли вашето дете во училишните клупи додека надвор владеат пеколни горештини?!

Пишува: Сафет Беќироски - дипломиран педагог

Прегледи: 302

Биди умен

Во џума не излегви со кола.

#сподели
Најчитани новости
Неверојатната Приказна на Мухаммед Хусрев од Лабуништа: Живот Полн со Борба и Наследство
Неверојатната Приказна на Мухаммед Хусрев од Лабуништа: Живот Полн со Борба и Наследство
Недела 26.01.2025

Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...

Пресели Д-р Минур Мемишоски – Почитуван Стоматолог
Пресели Д-р Минур Мемишоски – Почитуван Стоматолог
Сабота 15.02.2025

Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...

Пронајден камен со природни арапски написи „Аллах“ и „Мухаммед“ во Лабуништа
Пронајден камен со природни арапски написи „Аллах“ и „Мухаммед“ во Лабуништа
Сабота 30.08.2025

При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...

Се продава куќа со двор во Лабуништа – 540 м² куќа + 1500 м² двор
Се продава куќа со двор во Лабуништа – 540 м² куќа + 1500 м² двор
Среда 03.09.2025

Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...

Масовен јавен собир во Лабуништа: Граѓаните бараат решенија за проблемите со обложувалниците и гејминг клубовите
Масовен јавен собир во Лабуништа: Граѓаните бараат решенија за проблемите со обложувалниците и гејминг клубовите
Петок 24.04.2026

Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...

Познато новото раководство на Лабуништа – еве кој ќе ја води месната заедница!
Познато новото раководство на Лабуништа – еве кој ќе ја води месната заедница!
Сабота 10.01.2026

Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...

Ејлем Бекироска од Лабуништа освои бронзен медал на меѓународниот натпревар INFOMATRIX ASIA 2026 во Астана
Ејлем Бекироска од Лабуништа освои бронзен медал на меѓународниот натпревар INFOMATRIX ASIA 2026 во Астана
Петок 27.03.2026

Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...

Селото му посакува среќно пензионирање на Сафет Демиралеиски – човекот што ја пресметуваше не само математиката, туку и добрината
Селото му посакува среќно пензионирање на Сафет Демиралеиски – човекот што ја пресметуваше не само математиката, туку и добрината
Петок 31.10.2025

По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...

Честитка до д-р Ферид Салкоски од жителите на Лабуништа по повод стекнувањето на титулата субспецијалист по педијатриска пулмологија
Честитка до д-р Ферид Салкоски од жителите на Лабуништа по повод стекнувањето на титулата субспецијалист по педијатриска пулмологија
Петок 25.04.2025

Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...

Првите Лабуништани на Хаџ: Патување со трагичен крај
Првите Лабуништани на Хаџ: Патување со трагичен крај
Недела 09.02.2025

Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...

Асфалтирани улици, но без лик — време ли е за вистински ред?
Асфалтирани улици, но без лик — време ли е за вистински ред?
Недела 16.11.2025

Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...