Лабуништа Новости Среда 11.03.2026
Еднаш, во Бурса, еден член на еснаф изградил фонтана и над неа напишал:
„Халал за сите – харам само за муслиманите.“
Во времето кога Бурса била главен град на Османлиската империја, ова предизвикало големи немири. Луѓето отишле кај судијата, а потоа случајот стигнал и до султанот. Човекот што ја изградил фонтаната му рекол на султанот дека може да докаже зошто го напишал тоа.
Прво побарал да биде уапсен еден рабин. Веднаш целата еврејска заедница се кренала – дошле кај султанот, барале негово ослободување, испратиле писма и петиции, и рабинот набрзо бил ослободен.
Потоа побарал да биде уапсен еден свештеник. Истото се повторило – христијаните се побуниле, барале правда и свештеникот бил ослободен.
Конечно, побарал да биде уапсен еден истакнат оџа додека држел проповед. Оџата бил симнат од проповедницата. Никој не станал да праша што се случува. Никој не го следел. Никој не отишол кај султанот да праша каде е.
Напротив, луѓето почнале да велат: „Кој знае што направил...“ „Сигурно не бил уапсен без причина...“ „Да знаев каков е, никогаш немаше да го почитувам...“ По седум дена, оџата бил ослободен. Тогаш човекот го прашал султанот: „Не е ли водата харам за вакви муслимани?“
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...