Лабуништа Новости Среда 11.03.2026
Вечерва во Долна џамија во Лабуништа се одржа јубилејната 30-та Куранска вечер, традиционален верски настан кој со години собира голем број верници и гости.
Настанот беше отворен од Нихад Јускоски од Лабуништа, ученик во медресето во Сараево, кој настапи со две илахии. Модератор на програмата беше м-р Медин еф. Сулоски, кој на почетокот ги поздрави присутните верници и гости.
На присутните им се обрати и муфтијата на Муфтиството Струга, Ади еф. Муртиши, по што следеше обраќање на претставник на Ријасетот на Исламската верска заедница на Република Македонија, како и на атешето за верски прашања при Турската амбасада.
Специјални гости на настанот беа атешето за верски прашања при Турската амбасада во Република Македонија, Мустафа Бодру, како и имамот од Ријад, Саудиска Арабија, шејх Ахмед Ибрахим Ел Касим.
Во продолжение следеше мелодично учење на Куранот од повеќе познати учачи кој ги развеселија срцата на верниците: шејх Ахмед Ибрахим Ел Касим, м-р Елјеса Асани, хфз Етем Алити, хфз Хасан Гур од Турција , најмладиот учач хфз Берким Весели и медресантот од Лабуништа Нихад Јускоски.
Куранската вечер во Лабуништа претставува долгогодишна традиција која започнала во 1996 година, по иницијатива на тогашните имами предводени од имамот Јакуб еф. Ќазимоски.
Настанот се организира континуирано веќе 30 години и е препознатлив верски собир кој традиционално се одржува во Лабуништа.
Го молиме Аллах џ.ш овој настан непрестано да се реализира се до Суден ден. Амин.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...