Лабуништа Новости Петок 19.12.2025
Се сеќаваме на времињата кога лабунушките улици беа срцето на селото. Иако имаше помалку луѓе, имаше повеќе живот. На секој агол – продавница, пред секоја врата – разговор, смеа што одекнуваше до доцна навечер. Луѓето се движеа, се поздравуваа, застануваа „на збор-два“, а улиците дишеа со заедништво и топлина.
Денес, кога чекориме по тие исти улици, во нив сè уште живее споменот на таа живост. Но вистинската радост се враќа тогаш кога се враќате вие – нашите гурбетчии. Со секое доаѓање, со секоја отворена врата и запалено светло, улиците повторно оживуваат. Се слуша детски глас, се чувствува движење, се враќа душата на Лабуништа.
Затоа, од срце – благодарност до сите наши гурбетчии. Вие сте тие што повторно ги полните улиците со радост, со живот и со надеж дека Лабуништа секогаш ќе има пулс, без разлика каде не однел патот.
Покрај веќе постоечките дуќани и занаети, особено убаво би било лабунишките улици повторно да се збогатат со мали, секојдневни бизниси што му даваат душа на местото и го олеснуваат животот.
Да има повеќе млекари со свежо млеко и домашни млечни производи, дуќани со зеленчук и овошје – секогаш свежи и локални, места за мелење кафе, каде што мирисот ќе се шири по улицата и ќе буди спомени, цвеќарници што ќе внесат боја и радост во секој ден, продавници за подароци – за родендени, слави и посебни моменти, мало фото-студио за семејни фотографии и спомени што траат, дуќани со сувенири, кои ќе ја раскажуваат приказната на Лабуништа на секој гостин.
Овие мали бизниси не се луксуз, туку потреба. Тие значат повеќе движење, повеќе разговори и повеќе живот на улиците. Со нив, Лабуништа не би била само место за живеење, туку вистинска заедница што дише, се развива и ја чува својата топлина – особено кога нашите гурбетчии се дома и ја враќаат радоста таму каде што ѝ е местото.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...