Известувања Лабуништа Новости Понеделник 22.12.2025
Муфтиството во Струга денес официјално ги соопшти новите кадровски решенија, со кои се зајакнува институционалното претставување и делување во рамки на Исламската верска заедница.
Анис еф. Изети имам на Долна Џамија Лабуништа е избран за член на Советот при Ријасетот на Исламската верска заедница на Република Северна Македонија, со што добива значајна улога во највисокото советодавно тело на ИВЗ. Овој избор претставува признание за неговиот досегашен ангажман и придонес во верскиот и општествениот живот.
Воедно, Кадир еф. Далипоски имам на Мехмед Али Пашина Џамија во Лабуништа е избран за член при Муфтиството на Струга, каде што ќе учествува во креирањето и спроведувањето на верските активности и политики на локално ниво.
Покрај овие избори, од страна на Муфтиството во Струга денес беше врачено и решението за нов мандат на мутавелијата на Мехмед Али Пашина Џамија х. Сафет Исмаилоски.
Во составот на одборот како одборници продолжуваат х. Агим Демишоски и х. Реџо Османоски, а како членови на одборот се вклучени и имамите Енис еф. Максутоски и Кадир еф. Далипоски. За благајник е избран Муаз Демишоски.
Упатуваме дова до Аллах џ.ш. да им подари берекет, мудрост и успех во нивната понатамошна работа, со надеж дека новите одговорности ќе придонесат за унапредување на верскиот живот и зајакнување на институциите.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...