Во организација на Муфтиството на ИВЗ – Струга, а во соработка со Долната Џамија во Лабуништа, по јација-намаз се одржа исламската трибина на тема „Да се подготвиме за Рамазан“.
Со голема посветеност продолжуваат работите за реновирање на чешмата кај Долната џамија. Во изминатиот период се извршија значајни зафати – се обновува конструкцијата, се средува околината и чекор по чекор чешмата го добива својот убав и достоинствен изглед.
Здравјето на населението претставува огледало на начинот на живот, исхраната, животната средина и здравствената култура во една заедница. Иако Лабуништа се наоѓа во природно чист регион со планински воздух и традиционални вредности, современите навики носат нови здравствени предизвици кои директно влијаат врз квалитетот и должината на животот.
Муфтиството на ИВЗ – Струга, во соработка со Долна Џамија Лабуништа, во недела 15.02.2026 година, по јација-намаз, организира Исламска трибина со наслов „Да се подготвиме за Рамазан“.
Долната џамија ги известува жителите дека оваа година подрумот нема да биде отворен за жени за клањање на теравија намаз, поради очекуваната голема гужва.
Хуманитарното друштво Diaspora Labunista, заедно со Здружение Laburia, и оваа година организира рамазанска хуманитарна помош. Секој што има потреба може слободно и доверливо да се обрати и ќе добие соодветна поддршка.
Од надлежните беше истакнато дека во најскоро време се очекува започнување на градежните работи на овие локации, со што ќе се даде нов импулс на локалниот развој и унапредување на инфраструктурата во Лабуништа.
Со радост и среќа ги поздравуваме Рамазанските денови во Лабуништа! Нека овој месец донесе мир во вашите срца, светлина во вашите куќи и љубов со вашите најмили. Среќни Рамазански денови на сите, блиску или далеку од Лабуништа!
Здравствениот дом Вевчани продолжува со унапредување на здравствените услуги и нивна поголема достапност за жителите на Вевчани, но и за населението од регионот што го опслужува преку сопствените амбуланти во Лабуништа и Велешта.
По подолг период на темнина, училиштето „Мурат Лабуништи“ повторно доби осветлување и сега свети во вечерните часови, што претставува позитивна промена за учениците, родителите и жителите на Лабуништа.
Откако вчера објавивме на нашиот портал Labusta.mk, денес официјално започна санирањето и бетонирањето на патот кај месноста Калишта.
Со таа цел, се упатува јавен повик до сите сопственици на парцели во овој реон, како и до други хумани граѓани и донатори, да се вклучат и придонесат во реализацијата на овој значаен проект, кој претставува трајна садака и инвестиција во заедничкото добро.
Почитувани, Со задоволство ве покануваме на 5-тиот традиционален ифтар во организација на џуманитарното друштво „Младина“ од Нова Горица.
Ученикот Исмет Фејзулоски од 5-4 одделение го освои првото место на општинскиот натпревар по математика, постигнувајќи одлични 90 поени. Со овој извонреден резултат, Исмет уште еднаш го потврди својот труд, знаење и посветеност кон математиката.
Со многу љубов и почит кон Аџо Есат Мустафоски (Абазоски) — рахмет и џеннет да си најт — фамилијата Мустафоски (Абазоски) започна со обновување на чешмата кај Долната Џамија.
И овој Рамазан 2026/1447 година, во текот на овој благословен месец имамот од Д.џамија, Ариф еф Рамадани, пред секој ифтар на социјалните мрежи пред ифтар ќе одржува исламски предавања со посебен фокус на исламскиот морал. ЗА МНОГУ ГОДИНИ
Со особена гордост и радост, селото Лабуништа упатува најискрени честитки до Др. Ерхан Салкоски - специјалист анестезиолог.
Во Основното училиште „Мурат Лабуништи“ е поставен современ систем за видео надзор, со цел зголемување на безбедноста и создавање посигурна средина за учениците и вработените.
Пред да ги научиме нашите деца како да ги извршуваат ибадетите, мора да ги воспитаме и да ги научиме како да се однесуваат, за утре да бидат морални луѓе.
Октиси: Горна „Али Пашина“ Џамија, во соработка со Муфтиството на ИВЗ – Струга, организира исламска трибина под мотото:
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
Младината што се организира, работи и се вложува за заедничкото добро е гордост ...
Донаторската вечер во организација на здружението „Labunista IT“ од Конељано пом...
Д-р Едип Беќироски успешно ја заврши специјализацијата по интерна медицина, крун...
Со голема чест и одговорност, Хуманитарното здружение „Лабуништа“ од Италија ја ...
Интересно е што зборот „муабет“ потекнува од арапскиот збор *махабба* (محبة), шт...
Започна бојадисувањето на минарето на џамијата „Мехмед Али Паша“ во Лабуништа, а...
ЕВН известува дека на 15 октомври (четврток), во периодот од 09:00 до 15:00 часо...