Лабунишки Мудрости Вторник 13.10.2026
(Ако е за добро, Аллах нека одреди да се оствари.)
✍️ Јакуб Казимоски
Од циклусот „Мудрости на старите лабуништани“
Старите лабуништани немале многу можности за школување и образование. Многу од нашите мајки и баби не знаеле ниту да читаат ниту да пишуваат. Но тоа не значи дека биле лишени од животна мудрост, воспитување и морални вредности.
Она што го знаеле го наследиле од своите родители и постарите генерации, преку семејното воспитување, секојдневните разговори и животните искуства.
Можеби не знаеле многу верски преданија напамет, ниту умееле да цитираат ајети и хадиси, но знаеле нешто многу важно: што чинит, а што не чинит; што е право, а што не е право; што е чесно, а што не е чесно.
А кога ќе се најделе пред важни животни раскрсници, кога не знаеле кој пат да го изберат и каква одлука да донесат, покрај сопственото размислување и советувањето со блиските, се потпирале и на Аллаховата волја.
Токму во таквите моменти често можела да се слушне изреката:
„АКО Е ЗА АЈР, АЛЛАХ НАСИП ДА ГО ПРАЈТ!“
Овие зборови не биле само обична желба за успех, туку израз на длабока вера дека човекот не може секогаш да знае што е најдобро за него.
И самиот многупати во животот, кога сум бил пред важни одлуки и сум барал совет од родителите, сум ги слушал овие зборови од мајка ми:
„Сине, ако е за ајр, Аллах насип да го прајт!“
Во тие неколку зборови имало повеќе од совет — мајчинска љубов, искрена дова и доверба во Божјата мудрост.
Таа не ми кажувала што да изберам, туку Го молела Аллах мојот избор да биде добар за мене.
ПОУКА ЗА ДЕНЕС
Живееме во време кога имаме многу повеќе знаење, информации и можности за избор, но не секогаш и доволно мудрост да препознаеме што е навистина добро за нас.
Честопати толку силно посакуваме нешто да ни се оствари, што забораваме да се запрашаме дали тоа навистина ќе ни донесе добро.
Старите лабуништани со оваа кратка изрека ни оставиле една голема животна поука:
Не е секогаш добро за нас сè што посакуваме, ниту е секогаш лошо за нас сè што не ни се остварува.
Затоа, човекот треба да размислува, да се советува, да се труди и да одлучува, но и да биде свесен за ограниченоста на сопственото знаење.
Мудроста не е само во тоа да знаеме што сакаме, туку и во смиреноста да прифатиме дека не секогаш знаеме што е најдобро за нас.
„Не моли Го Аллах само да ти го даде она што го посакуваш, туку моли Го да ти го даде она во кое има вистински ајр — добро и бериќет за твојот живот.“
Едно прашање. Една шанса. Колку добро ги знаеш правилата?
1 учесници во квизот денес
Едно прашање. Една шанса. Колку добро ги знаеш правилата?
1 учесници во квизот денес
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...