Лабуништа Новости Недела 15.02.2026
Во организација на Муфтиството на ИВЗ – Струга, а во соработка со Долната Џамија во Лабуништа, по јација-намаз се одржа исламската трибина на тема „Да се подготвиме за Рамазан“. Настанот се одвиваше во присуство на голем број џематлии кои ја исполнија џамијата и со внимание ја проследија целокупната програма.
Модератор на трибината беше Х. Медин еф. Сулоски, кој ја отвори и ја водеше програмата. Трибината започна со учење од Кур’ан од Х. Кадир еф. Далипоски, по што следуваше поздравен говор на муфтијата на Струга, Х. Ади еф. Муртиши.
На тема „Особините на Рамазан“ говореше Х. Истреф еф. Јускоски, додека илахија изведе медресантот Нихад Јускоски. Свое обраќање имаше и специјализираниот анестезиолог Др. Сејат Ќазимоски, кој зборуваше за здравствените аспекти и придобивките од постот во месецот Рамазан.
Потоа следеше учење од Кур’ан од медресантот Абдулкадир Нуредини, а со предавање на тема „Тајната на Рамазан“ се обрати Х. Ариф еф. Рамадани. Трибината беше заокружена со повторно учење од Кур’ан од медресантот Нихад Јускоски.
Настанот помина во духовна и свечена атмосфера и претставуваше убава подготовка за претстојниот благословен месец Рамазан.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...