Среда 29.04.2026
Вклучи се во нашата заедница
Umbrella
03:45
Имсак
04:59
Сабах
05:34
Сонце
12:44
Полден
16:32
Икиндија
19:41
Акшам
21:21
Јација

Контактирај со месната заедница на Лабуништа

Прегледи: 1.102.679

Контактирај со месната заедница на Лабуништа

Средба во Општина Струга: Позитивни најави за решавање клучни проблеми во Лабуништа

Известувања Лабуништа Новости Четврток 22.01.2026


Денес во кабинетот на градоначалникот на Општина Струга, г. Менди Ќура, беше одржана работна средба со членови на Месната заедница од Лабуништа, предводени од претседателот г. Тасим Тафилоски. На средбата присуствуваа и директорот на ЈКП „Хигиена“ г. Ирфан Рамизи, координаторот г. Адем Нуроски, како и советникот на градоначалникот од Лабуништа, г. Сафет Демиралиески.

На состанокот беа презентирани проблемите со кои секојдневно се соочуваат жителите на Лабуништа, при што акцент беше ставен на три приоритетни точки:

  • Изградба на потпорен ѕид на локалниот пат Краста кај месноста Зенделовци.

  • Тампонирање и бетонирање/асфалтирање на локалниот пат Пилчаровци – Подгорци, кај месноста Умиште во должина од 600м.

  • Проблемите во снабдувањето со електрична енергија во Лабуништа.

Општина Струга, на чело со градоначалникот г. Ќура, за сите три точки даде позитивен одговор.

Беше истакнато дека во краток временски период ќе започне реализацијата на двата инфраструктурни проекти, а во однос на проблемот со електричната енергија најавена е заедничка средба со ЕВН и претставници на месните заедници од засегнатите населби. На таа средба, како што беше потенцирано, ќе биде побарано итно и трајно решавање на проблемот.

Дополнително, Општина Струга ја информираше Месната Заедница дека проектот за подобрување на водоснабдувањето во Лабуништа, како и целокупната техничка документација за изградба на прочистителна станица, се во завршна фаза.

Очекувањата се дека и овие проекти наскоро ќе бидат реализирани, со што ќе се решат дел од најголемите проблеми на жителите на Лабуништа.

Средбата беше оценета како конструктивна, со заедничка заложба за континуирана соработка и конкретни чекори за унапредување на условите за живот во Лабуништа.

Прегледи: 1604

Биди умен

Во џума не излегви со кола.

#сподели
Најчитани новости
Неверојатната Приказна на Мухаммед Хусрев од Лабуништа: Живот Полн со Борба и Наследство
Неверојатната Приказна на Мухаммед Хусрев од Лабуништа: Живот Полн со Борба и Наследство
Недела 26.01.2025

Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...

Пресели Д-р Минур Мемишоски – Почитуван Стоматолог
Пресели Д-р Минур Мемишоски – Почитуван Стоматолог
Сабота 15.02.2025

Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...

Пронајден камен со природни арапски написи „Аллах“ и „Мухаммед“ во Лабуништа
Пронајден камен со природни арапски написи „Аллах“ и „Мухаммед“ во Лабуништа
Сабота 30.08.2025

При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...

Се продава куќа со двор во Лабуништа – 540 м² куќа + 1500 м² двор
Се продава куќа со двор во Лабуништа – 540 м² куќа + 1500 м² двор
Среда 03.09.2025

Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...

Масовен јавен собир во Лабуништа: Граѓаните бараат решенија за проблемите со обложувалниците и гејминг клубовите
Масовен јавен собир во Лабуништа: Граѓаните бараат решенија за проблемите со обложувалниците и гејминг клубовите
Петок 24.04.2026

Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...

Познато новото раководство на Лабуништа – еве кој ќе ја води месната заедница!
Познато новото раководство на Лабуништа – еве кој ќе ја води месната заедница!
Сабота 10.01.2026

Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...

Ејлем Бекироска од Лабуништа освои бронзен медал на меѓународниот натпревар INFOMATRIX ASIA 2026 во Астана
Ејлем Бекироска од Лабуништа освои бронзен медал на меѓународниот натпревар INFOMATRIX ASIA 2026 во Астана
Петок 27.03.2026

Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...

Селото му посакува среќно пензионирање на Сафет Демиралеиски – човекот што ја пресметуваше не само математиката, туку и добрината
Селото му посакува среќно пензионирање на Сафет Демиралеиски – човекот што ја пресметуваше не само математиката, туку и добрината
Петок 31.10.2025

По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...

Честитка до д-р Ферид Салкоски од жителите на Лабуништа по повод стекнувањето на титулата субспецијалист по педијатриска пулмологија
Честитка до д-р Ферид Салкоски од жителите на Лабуништа по повод стекнувањето на титулата субспецијалист по педијатриска пулмологија
Петок 25.04.2025

Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...

Првите Лабуништани на Хаџ: Патување со трагичен крај
Првите Лабуништани на Хаџ: Патување со трагичен крај
Недела 09.02.2025

Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...

Асфалтирани улици, но без лик — време ли е за вистински ред?
Асфалтирани улици, но без лик — време ли е за вистински ред?
Недела 16.11.2025

Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...