Известувања Лабуништа Новости Вторник 18.08.2026
Вечерва избувна пожар кај дивата депонија во Лабуништа, при што на местото пристигнаа две противпожарни возила од Територијалната противпожарна единица Струга.
Поради специфичноста на пожарот и фактот што се работи за депонија, гаснењето со вода не било возможно, па како најефикасен начин за локализирање на пожарот беше преземено негово затрупување со земја.
Во акцијата активно се вклучи компанијата СабнурБау, која со механизација и земја помогна пожарот да биде локализиран и спречено неговото понатамошно ширење.
Голема благодарност до сопственикот на компанијата, Махир Нуроски, како и до Санел Салоски – Бубу, за нивниот ангажман и несебичната помош во оваа акција.
Посебна благодарност заслужуваат и големиот број млади жители на Лабуништа, кои веднаш се најдоа на местото и несебично помогнаа пожарот да се држи под контрола, со што се спречи неговото проширување кон околниот простор.
Заедничката реакција на компанијата СабнурБау и мештаните покажа дека во критични моменти заедништвото и брзата реакција се од огромно значење за безбедноста на целото население.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...