Лабуништа Новости Петок 28.08.2026
Една од убавите традиции што претходните генерации Лабуништани со години ја негувале, а која и ден-денес е присутна во голем број семејства, е заедничкиот ручек после џума-намаз.
Петокот отсекогаш имал посебно место во животот на Лабуништани. По завршувањето на џума-намазот, семејството се собирало околу софрата и се чекале домашните да се вратат од џамија.
На петочната софра често се наоѓале и некои од препознатливите домашни јадења: комат (пита) со праз, сирење или грав, а понекогаш ручекот бил придружуван и со домашен сок од дренки. Едноставна храна, но со вкус што за многумина и денес буди спомени на домот, семејството и старото Лабуништа.
Оваа убава навика и денес се негува во многу лабунишки домови. За жал, со брзината на денешното време, работните обврски и модерниот начин на живеење, во сè поголем број семејства ваквите заеднички ручеци почнуваат да се прескокнуваат.
А можеби токму денес, кога сите некаде брзаме, најмногу ни се потребни ваквите мали традиции што нè потсетуваат да седнеме заедно, да се видиме, да се слушнеме и да не заборавиме дека семејството се чува и околу заедничката софра.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...