Лабуништа Новости Сабота 25.10.2025
Вечерва, во италијанскиот град Монфалконе, започна традиционалниот Кермес – настан кој повторно ја оживеа љубовта, заедништвото и сплотеноста на Лабуништани ширум Европа. Повеќе од илјада наши сограѓани, пристигнати од Италија, Австрија, Словенија, Хрватска, Германија и Швајцарија, го исполнија просторот со топлина, насмевки и чувство на припадност што само Лабуништата може да го роди.
Своја духовна порака споделија имамот на Монфалконе – Неџат еф. Рустемоски, како и ценетите имами Шабан еф. Ќазимоски, Сенат еф. Нуроски , Авнија еф. Нурчески и Ајдоган еф Ибраими кои со својата мудрост и топли зборови како и учење на Куран со своите мелодични гласови ги обединија сите присутни во духот на благодарност и братска љубов, настанот заврши со предавање на Др. Шерик Курдиќ од Босна и Херцеговина, кој со своите зборови ја допре душата на секој присутен, потсетувајќи дека верата и човечноста се најголемите мостови меѓу луѓето.
Атмосферата беше исполнета со радост и мирисот на традицијата – познатото „Гравче од Казан“, подготвено со љубов од почитуваниот кувар Мусо Јускоски – „Лорд“ и неговите синови, кои специјално допатуваа од Лабуништа за да му дадат посебен белег на овој голем настан.
Овој Кермес не беше само празник на дружбата, туку и на доброто дело. Средствата собрани од настанот ќе бидат донирани за доградбата на новата џамија во Лабуништа, уште еднаш покажувајќи дека кога Лабуништани се обединети, можат да создадат чуда – каде и да се, во секој агол на светот.
Монфалконе вечерва блескаше во боите на братството, почитта и љубовта.
А Лабуништа уште еднаш ја покажа својата големина – место со душа, луѓе со срце и вера што обединува!
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...