Лабуништа Новости Недела 26.10.2025
Денес заврши дводневниот Кермес во организација на џематот „Кевсер“ во Монфалконе, Италија. Настанот и оваа година помина во исклучително пријатна и духовна атмосфера, со присуство на повеќе од 1000 гости и посетители во двата дена.
Програмата во текот на денот започна со предавање за жени, кое го одржа Езана Беќироска, по што следеше пладне-намаз и заеднички ручек со подготвени 1000 порции храна за сите присутни. Гостите имаа можност да уживаат и во вкусувањето на традиционални јадења, подготвени со љубов од вредните раце на мајките и сестрите од заедницата.
По икиндија-намазот, со свое прекрасно учење на Куранот настапи Хафиз Алил Алили, а потоа следеше инспиративно предавање од Др. Шефик Курдиќ. Програмата беше затворена со изведба на илахија и завршно обраќање од страна на Хафиз Алил Алили, кој со своите зборови внесе посебна духовна енергија меѓу присутните.
Организаторите соопштија дека сите собрани финансиски средства од Кермесот ќе бидат донирани за доградбата на Горната Џамија во Лабуништа, што претставува уште еден доказ за силната врска и солидарност меѓу Лабунишката Дијаспора и родното место Лабуништа.
Настанот уште еднаш ја потврди сплотеноста, хуманоста и духовноста на заедницата во Монфалконе, која со своите активности континуирано придонесува кон зачувување на верата, културата и традицијата.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...