Лабуништа Новости Недела 06.04.2025
Можете ли да ни кажете нешто за себе и како започнавте со уметноста?
Прво, селам алејкум и голем поздрав до сите мои соселани. Ви благодарам и вам што ми дадовте можност да се искажам. Сликањето го сакам уште од мал, уште од прво одделение. Знам дека учителите Аце Младеноски и Владимир Младеноски (поздрав и до нив) често ми ги земаа цртежите и добивав пофалби. Така што нема конкретен период кога и како започнав.
Што ве инспирира да создавате уметност?
Најмногу природата.
Дали сте имале некаква формална едукација во уметноста, или сте самоук?
Љубовта кон цртањето секој ден нешто ме учи.
Кои техники и материјали најчесто ги користите?
Најмногу масло на платно и акрил.
Како би ја опишале уметничката сцена во Лабуништа?
Во Лабуништа, како што знаете, преовладува музичката уметност.
Дали има други уметници во селото со кои соработувате или се инспирирате?
Уметници да, има, но за соработка не, бидејќи повеќе сликањето ми е хоби и релаксација, а не професија од која живеам.
Колку селото и неговата традиција влијаат на вашите дела?
Многу. Моментално работам на неколку дела мотивирани од нашето и околните села.
Како изгледа еден ваш типичен ден кога работите на некое уметничко дело? Имате ли одреден ритуал или начин на работа што ве мотивира?
Тивка ориентална турска музика.
Колку време ви е потребно да завршите едно дело?
Зависи од сликата и техниката. Кога цртате со маслени бои имате можност подолго да ја работите.
Со какви предизвици се соочувате како уметник?
Дали некогаш сте размислувале да ја претворите уметноста во професија?
Никогаш не е касно :)
Дали има доволно поддршка за уметниците во вашата заедница?
Да. Често, позитивно сум критикуван зошто професионално не се бавам со сликарство од мојата околина. Ако мислевте на државна поддршка – ниту една професија ја нема, за жал.
Кои се вашите идни планови во уметноста?
Ќе продолжам, со љубов и од љубов, секогаш да сликам. Четката, боите, моливот... се дел од мене.
Дали би сакале да направите изложба во Лабуништа или на друго место?
Па... можеби, наскоро.
Има ли некое дело на кое особено сте горди и што би сакале да го споделите со јавноста?
Има. Некои од нив се земени, некои (про)дадени... но да споделам со јавноста – секогаш имам.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...