Лабуништа Новости Петок 11.04.2025
Според некои легенди, Лабуништа постоело и во античко време, но на местото викано Градиште (Калишта) (н.в. 879 и н.в. 838).
Според топонимот, тоа било град (иште), а опколен со тврдина - кале, во множина Калишта и по што е задржан топонимот Калишта на н.в. од 879 м. и тука се бранеле од напади по теснецот од југоисточната страна по текот на реката Црн Дрим. Другото, спротивното, кале (одбрана ) било спрема стариот Карвански пат и истиот излегува на м.в Зејгозец - Лабунишко Поле, а еден крак оди до Голем Извор кај манастирчето. На овие места има археолошки ископувања и се најдени камени ножеви, брусови, метални ножеви, стомни, керамиди, а има и ископини на стари римски гробови.
Според некои народни легенди, се раскажува дека околу местото викано Калишта се наоѓала стара ковачница за злато. Денес, луѓето уште се шегуваат и велат дека причината за каменоломите во таа област е токму оваа легенда. Оваа приказна е дел од локалната историја и верувањата кои се пренесуваат низ генерациите, создавајќи уште еден слој на мистерија и значење за регионот.
Приближно на местото каде што се наоѓа Лабуништа на картата од Птоломеј (преиздадена во 1490 год.) е обележена тврдината Albanopolis; на картата од Hassius (1744 год.) е означено: Albanopoli in ruin. (в. Јаранов, Карта - текст). Словенечкиот топоним е само адаптација на грчкиот: вториот член - polis (кој всшност има функција на суфикс) е заменет со словенечкиот суфикс -иште со двојно значење:
Бидејќи членот Alban- е име, може да се претпостави дека овде си помешале двете функции на овој суфикс: тој означувал 'потомци' на Alban' и 'место каде што се наоѓала тврдината Albanopolis, впрочем тоа е веќе чисто структурална функција. Коренот Лабун- е континуација на Албан- со метатеза и македонската замена на крајно то -ан- во -ун- (спор.: лат. Salona, Albona, слов. Salona, Albona, сх. Solin, Labin, мак. Солин, Лабун- (нашиов случај), макар што се однесуваат на различни објекти (Романски С.: Именета на некои македонски градове, 1. Солунъ, МПр V, кн. 2, с. 78-84). Словенскиов топоним, значи, е многу стар, потекнува од времето на населувањето на Балканот од страна на Словените и континуација на уште постар грчко-латински топоним."
Особено внимание треба да се посвети на тоа дека над лабунишките планински езера „Локви" на 1908 м н.в. поминува стариот римски пат во правец Драч - Солун - Цариград, „Via Agnatia" кој го изградиле Римјаните. Благодарение на патот „Виа Игнација", оваа област добила важност како транзитно подрачје.
По поделбата на Римската Империја во 395 година, на Западно Римско Царство со седиште во Рим, и на Источно Римско Царство со седиште во Константинопол, Охридско-струшката област и припаѓала на Византија. Потоа, Римјаните, како народ, потполно исчезнале од Балканот.
Според литературата, „Via Agnatia", стариот пат на југ го поврзувал селото Боровец со другите населби на Струшкиот Дримкол: Лабуништа, Подгорци, Вевчани, Октиси, Радолишта (оттаму преку пределот Ќафасан) кон Елбасан и јадранского крајбрежје.
Преку Струга овој пат го поврзувал Струшкиот Дримкол со Охрид и понатаму со Битола и со другите места кон Егејот. Стариот пат, што се протегал од Боровец, па понатаму од другите крајишта, имал и два други многу значајни крака. Едниот се одделувал кај селото Лабуништа или кај Вевчани и се поврзувал co „Via Agnatia" и потоа на мостот на Дримот, близу селото Добовјани, па оттаму преку селото Требеништа или Ботун се протегал кон Охрид и Битола и понатаму кон пределите на Егејот.
Другиот крак кај селото Октиси, односно Долна Белица се протегал на запад, по падините на планината Јабланица и имал насока кон Елбасан и реката Шкумба, односно јадранското крајбрежје и северниот крак каз селото Горна Белица кон Скадар, односно кон северните предели на јадранското крајбрежје.
Кракот што поминувал на планината Јабланица и денес постои, и тоа над лабунишките планински езера „Локви" на 1908 м.н.в. и оттука продолжува во опишаниот правец на римскиот пат „Via Agnatia".
Имајќи jа во предвид вака развиената мрежа на патната комуникациа, се доаѓа до знаење дека Лабуништа во склоп со Дримколот било поврзано со блиската и со подалечна околина.
Заклучокот околу легендата и мистеријата на Лабуништа и Калишта е дека овие старински приказни не само што го обогатуваат историјскиот контекст на регионот, туку и предизвикуваат интерес и истражувања за тоа што може да се крие под површината на земјата. Легендата за старата ковачница за злато и каменоломите што се поврзуваат со неа додава уште еден слој на тајни кои се сè уште неразјаснети. Особено интересно е што, пред некое време, на околу 2 метри под земја, близу Струга, беше пронајдена античка гробница со бројни артефакти, што дополнително ја поткрепува теоријата за постоење на древни цивилизации и нивната поврзаност со ова подрачје. Овој наод ги отвора вратите за нови археолошки истражувања и може да биде клучен за разоткривање на длабоките мистерии што го опкружуваат Лабуништа и неговите околини.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...