Вторник 20.10.2026
Приклучете се на нашата заедница
ТОП
05:19
Имсак
06:17
Сабах
06:52
Изгрејсонце
12:31
Пладне
15:28
Икиндија
17:58
Акшам
19:23
Јација
Контактирајте со Месната заедница на Лабуништа
Прегледи: 1.541.171

(Фото): ЛАБУНИШТА СЕ ДАВИ ВО ЃУБРЕ: КАДЕ СЕ НАШАТА СОВЕСТ, ВЕРА И ОДГОВОРНОСТ?

Лабуништа Новости Понеделник 12.10.2026


Не сакаме да критикуваме. Не сакаме да објавуваме лоши работи. Но, кога молкот станува соучесник во уништувањето на сопственото место, тогаш должност ни е да проговориме!

Како медиум, секогаш настојуваме да ги истакнуваме убавите приказни, успесите, хуманоста и позитивните примери од Лабуништа. Веруваме дека нашето место заслужува да се зборува за него по добро. Но, она што денес се случува со животната средина во Лабуништа веќе не може да се премолчува, ниту да се толерира. Лабуништа се дави во ѓубре!

Улиците се валкаат, јавните површини се претвораат во депонии, а реката, наместо да биде природно богатство и украс на нашето место, станува место каде што несовесни поединци го фрлаат отпадот од своите домаќинства.

И сето тоа се случува и покрај фактот што комуналното претпријатие редовно и навремено го собира отпадот од домаќинствата.

Тогаш, зошто ѓубрето завршува во реката? Зошто улиците се претвораат во места за фрлање отпад? Зошто некој мисли дека кесата со ѓубре може да ја фрли во природата и мирно да продолжи со својот ден, како да не направил ништо лошо?

Проблемот не е само во ѓубрето. Проблемот е во нашата совест, во нашата култура и во нашето чувство за одговорност!

КАДЕ Е НАШАТА ВЕРА КОГА ЈА ЗАГАДУВАМЕ СОПСТВЕНАТА РЕКА?

Особено е болно и разочарувачко кога ваквите појави се случуваат во заедница во која исламската вера има толку значајно место во секојдневниот живот.

Се гордееме со полните џамии, со нашите хаџии и мутемири, со жените кои носат хиџаб, со децата кои посетуваат мектеби и со младите кои редовно ги посетуваат џамиите. Тоа се вредности со кои треба да се гордееме.

Но, мораме да си го поставиме и најтешкото прашање: Каква е вредноста на нашата вера ако нејзините начела не се гледаат во нашето однесување надвор од џамијата?

Божјиот пратеник Мухаммед а.с. рекол: " Чистотата е половина иман (верување)"

Како можеме да зборуваме за чистота, морал и верување, а истовремено да ја загадуваме реката во која тече животот на нашето место? Како можеме да ги учиме децата на добрина, чесност и одговорност, ако со сопствениот пример ги учиме дека јавниот простор е сечиј, а всушност ничиј?

Исламот нè учи на чистота, одговорност и почит кон сè што нè опкружува. Верата не се докажува само со зборови, облека или присуство во џамијата. Таа се докажува и со нашите постапки, со односот кон соседот, кон заедницата и кон природата што ни е доверена на чување.

Затоа, не е доволно само да се нарекуваме верници. Треба да живееме според вредностите во кои велиме дека веруваме!

ДО НАДЛЕЖНИТЕ: ВРЕМЕ Е ЗА КОНКРЕТНИ МЕРКИ!

Апелираме до надлежните институции, Општина Струга и сите одговорни служби да преземат конкретни и одлучни мерки за спречување на загадувањето.

Потребно е да се постави видео-надзор на критичните точки долж реката, на јавните површини и на местата каде што најчесто се фрла отпад. Секој што несовесно ќе ја загадува животната средина треба да биде идентификуван и казнет согласно законот.

Не е доволно само да се чисти она што некој друг го валка. Не е доволно комуналните служби постојано да го собираат отпадот, додека несовесни поединци повторно ја загадуваат околината.

Потребни се ред, контрола и одговорност. Потребно е правилата да важат за сите, без исклучок!

ДО ГРАЃАНИТЕ: РЕКАТА НЕ Е ДЕПОНИЈА, А УЛИЦАТА НЕ Е КАНТА ЗА ЃУБРЕ!

Апелираме до секој жител на Лабуништа да престане со фрлањето отпад во реката, покрај патиштата, на улиците и на сите јавни површини.

Ако можеме да ги одржуваме сопствените дворови чисти и уредени, тогаш зошто истата грижа не ја покажуваме и кон улиците по кои секојдневно се движиме, реката покрај која живееме и местото во кое растат нашите деца?

Зарем не сакаме нашите деца да растат во чиста и здрава средина? Зарем сакаме утре да им оставиме река полна со пластични кеси, улици полни со отпад и природа уништена од сопствената несовесност?

Лабуништа не е само нашиот дом. Таа е дом и на нашите деца, внуци и идни генерации. Не смееме да им го уништуваме она што сме должни да го зачуваме!

Чистотата не е обврска само на комуналното претпријатие. Не е обврска само на Општината или на Месната заедница. Таа е заедничка одговорност на сите нас.

„АКО НЕ СЕ СРАМИШ, ПРАВИ ШТО САКАШ!“

Во познат хадис, пренесен во збирката на Бухари, Божјот пратеник Мухаммед, алејхи селам, порачува:

„Ако не се срамиш, прави што сакаш!“

Оваа порака треба да нè натера сите да застанеме и да размислиме за сопствените постапки.

Зарем не треба да се срамиме кога фрламе ѓубре во реката? Зарем не треба да нè погоди кога гледаме дека сопственото место го претвораме во депонија? Зарем не треба да нè заболи кога поради нашата неодговорност страдаат природата, здравјето и угледот на заедницата?

Не бараме ништо невозможно. Бараме основна човечка култура, одговорност и почит кон местото во кое живееме. Не сакаме да посочуваме со прст кон никого. Но, нема да молчиме пред појави што му штетат на целото наше место.

Да не дозволиме Лабуништа да стане синоним за нечистотија и неодговорност. Да ја зачуваме нашата река, нашите улици и нашата природа. Да покажеме дека сме заедница што знае да се гордее со својата вера, но и да живее според нејзините начела. Затоа што вистинската љубов кон Лабуништа не се докажува само со зборови.

СЕ ДОКАЖУВА СО ПОСТАПКИ!

Прегледи: 922
Секој ден ново прашање

Провери дали знаеш да возиш

Едно прашање. Една шанса. Колку добро ги знаеш правилата?

Како одговорија другите?
Точно
1100%
Неточно
00%

1 учесници во квизот денес

Според ситуацијата прикажана на сликата и завземената положба на возилата пред крстосницата, тие се престроени за движење во насока:

Секој ден ново прашање

Избери ги сите точни одговори.

Секој ден ново прашање

Провери дали знаеш да возиш

Едно прашање. Една шанса. Колку добро ги знаеш правилата?

Како одговорија другите?
Точно
1100%
Неточно
00%

1 учесници во квизот денес

Според ситуацијата прикажана на сликата и завземената положба на возилата пред крстосницата, тие се престроени за движење во насока:

Секој ден ново прашање

Избери ги сите точни одговори.

Биди умен

Во џума не излегви со кола.

#сподели
Најчитани вести
Неверојатната Приказна на Мухаммед Хусрев од Лабуништа: Живот Полн со Борба и Наследство
Неверојатната Приказна на Мухаммед Хусрев од Лабуништа: Живот Полн со Борба и Наследство
Недела 26.01.2025

Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...

Пресели Д-р Минур Мемишоски – Почитуван Стоматолог
Пресели Д-р Минур Мемишоски – Почитуван Стоматолог
Сабота 15.02.2025

Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...

Се продава куќа со двор во Лабуништа – 540 м² куќа + 1500 м² двор
Се продава куќа со двор во Лабуништа – 540 м² куќа + 1500 м² двор
Среда 03.09.2025

Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...

Пронајден камен со природни арапски написи „Аллах“ и „Мухаммед“ во Лабуништа
Пронајден камен со природни арапски написи „Аллах“ и „Мухаммед“ во Лабуништа
Сабота 30.08.2025

При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...

Масовен јавен собир во Лабуништа: Граѓаните бараат решенија за проблемите со обложувалниците и гејминг клубовите
Масовен јавен собир во Лабуништа: Граѓаните бараат решенија за проблемите со обложувалниците и гејминг клубовите
Петок 24.04.2026

Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...

Ејлем Бекироска од Лабуништа освои бронзен медал на меѓународниот натпревар INFOMATRIX ASIA 2026 во Астана
Ејлем Бекироска од Лабуништа освои бронзен медал на меѓународниот натпревар INFOMATRIX ASIA 2026 во Астана
Петок 27.03.2026

Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...

Познато новото раководство на Лабуништа – еве кој ќе ја води месната заедница!
Познато новото раководство на Лабуништа – еве кој ќе ја води месната заедница!
Сабота 10.01.2026

Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...

Селото му посакува среќно пензионирање на Сафет Демиралеиски – човекот што ја пресметуваше не само математиката, туку и добрината
Селото му посакува среќно пензионирање на Сафет Демиралеиски – човекот што ја пресметуваше не само математиката, туку и добрината
Петок 31.10.2025

По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...

Честитка до д-р Ферид Салкоски од жителите на Лабуништа по повод стекнувањето на титулата субспецијалист по педијатриска пулмологија
Честитка до д-р Ферид Салкоски од жителите на Лабуништа по повод стекнувањето на титулата субспецијалист по педијатриска пулмологија
Петок 25.04.2025

Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...

Првите Лабуништани на Хаџ: Патување со трагичен крај
Првите Лабуништани на Хаџ: Патување со трагичен крај
Недела 09.02.2025

Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...