Лабуништа Новости Вторник 28.07.2026
За жал, училишниот двор и самиот објект сè почесто се мета на несовесни и безобразни деца, но и на поединци од нашето место кои намерно го уништуваат она што им припаѓа на сите.
Пред кратко време просторот беше осветлен со цел да стане побезбеден, поубав и попријатен за учениците и жителите. Наместо да се чува и правилно да се користи, осветлувањето и училишниот простор се злоупотребуваат, оштетуваат и уништуваат.
Како што нè информираат од училиштето, за проблемот е реагирано и до надлежните институции, но, за жал, досега нема соодветна реакција ниту конкретни мерки за спречување на ваквото однесување.
Недозволиво е поради неколку несовесни жители да страдаме сите ние, а најмногу нашите деца. Училиштето треба да биде безбедно, уредно и достоинствено место за образование, а не простор што постојано се уништува и запоставува.
Се поставуваат две едноставни, но многу важни прашања: Дали е воопшто прифатливо вака да изгледа едно од најголемите училишта во државата? Дали нашите деца треба да учат и секојдневно да престојуваат во вакви услови?
Секоја скршена светилка, оштетена ограда или уништен дел од дворот е штета направена на сите нас. Ова не е проблем само на училиштето, туку на целата заедница.
Апелираме до родителите да разговараат со своите деца, до сограѓаните да покажат поголема одговорност, а до надлежните институции конечно да преземат конкретни мерки.
Да не дозволиме неколку несовесни лица да го уништуваат имотот на целата заедница. Нашите деца заслужуваат многу подобро.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...