Среда 29.04.2026
Вклучи се во нашата заедница
Umbrella
03:45
Имсак
04:59
Сабах
05:34
Сонце
12:44
Полден
16:32
Икиндија
19:41
Акшам
21:21
Јација

Контактирај со месната заедница на Лабуништа

Прегледи: 1.103.609

Контактирај со месната заедница на Лабуништа

Ариф еф. Рамадани: Прописи на зекатот

Колумни Четврток 13.03.2025


Месецот Рамазан е месец кога поголем број од припадниците на исламот покрај постот го извршуваат и третиот столб на исламот – давањето на Зекат. Затоа решивме да ги потсетиме верниците со оваа џуманска хутба посветена токму на тој пропис со цел да ја сфатат неговата сериозност и важност!

ПРОПИСИ ОКОЛУ ЗЕКАТОТ

После благодарноста на Аллах и донесувањето на салаватите на Неговиот Пратеник во денешнава хутба започнувам да зборувам за прописите на четвртиот исламски шарт т.е. зекатот. Зекат во арапскиот јазик има значење пораст и зголемување, па се вели: „Зека ез-зер`у“ т.е. семето порасти.

Во шеријатот под зекат се мисли на правото кое е обврска да се издвои од имотот кој достигнал одредена количина, под одредени услови и на одредена група на луѓе.

Прописи на зекатот и докази за тоа Зекатот е еден од петте исламски темели, најважен темел на исламот после шехадетот и намазот.

Возвишениот Аллах вели: „И намаз (молитва) извршувајте и зекат давајте.“ (Ел-Бекара, 43) Исто така, вели: „Земи од добрата нивни зекат, со него да ги исчис-тиш.“ (Ет-Тевба, 103)

Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: „Исла-мот е изграден на пет темели: сведочење дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухаммед е Аллахов Пратеник, извршување намаз, издвојување зекат, одење на аџилак и пост во рамазан.“ (Муттефекун алејхи)

При испраќањето на Му`аз б. Џебел во Јемен, Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, му порачал: „Повикај ги да посведочат дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека јас сум Аллахов Пратеник, па, доколку ти се одзвијат во тоа, извести ги дека Аллах им пропиша пет намази во текот на секој ден и ноќ. Доколку и во тоа ти се одзвијат, тогаш извести ги дека Аллах им пропиша издвојување зекат од нивните имоти, кој се зема од нивните богати и се дава на нивните сиромашни.“ (Муттефекун алејхи)

И исламските научници од сите поднебја и времиња се сложни дека издвојувањето зекатот е обрвска.

Неизвршување на оваа должност е строго забрането, истовремено значи и рушење на оваа величествена вера. За недавање на зекат се понесува казна на овој и идниот свет. На овој свет, спречување на дожд. Мухаммед, саллаллаху алејхи ве сел-лем, рекол:

وَلَمْ يَمْنَعُوا زَكَاةَ أَمْوَالِهِمْ، إِلاَّ مُنِعُوا الْقَطْرَ مِنَ السَّمَاءِ، وَلَوْلاَ الْبَهَائِمُ لَمْ يُمْطَرُوا

„Луѓето секогаш кога ќе го запостават давањето на зекатот од своите имоти, Аллах поради тоа ќе им го спречи дождот. А да не се животните дождот не би врнел.“ (Хадис сахих, Бејхеки, ибн Маџџе, Беззар)

Што се однесува до казната на идниот свет, Аллах џ.ш. вели: وَالَّذِينَ يَكْنِزُونَ الذَّهَبَ وَالْفِضَّةَ وَلاَ يُنفِقُونَهَا فِي سَبِيلِ اللَّهِ فَبَشِّرْهُم بِعَذَابٍ أَلِيمٍ يَوْمَ يُحْمَى عَلَيْهَا فِي نَارِ جَهَنَّمَ فَتُكْوَى بِهَا جِبَاهُهُمْ وَجُنُوبُهُمْ وَظُهُورُهُمْ هَذَا مَا كَنَزْتُمْ لأَنفُسِكُمْ فَذُوقُواْ مَا كُنتُمْ تَكْنِزُونَ „На тие кои златото и среброто го збираат и на Аллаховиот пат не го трошат, најави им болно страдание! На Денот кога тоа (златото и среброто) во огнот џехенемски ќе се усвити, па со него челата нивни и слабините нивни и грбовите нивни ќе се жигосаат: ‘Ова е тоа што за себе го натрупу-вавте; искусете ја тогаш казната за тоа што го збиравте!’.“ (Ет-Тевбе, 34:35)

Во таа смисла стои и хадисот на Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, каде вели: مَنْ آتَاهُ اللَّهُ مَالًا ، فَلَمْ يُؤَدِّ زَكَاتَهُ ، مُثِّلَ لَهُ مَالُهُ يَوْمَ الْقِيَامَةِ شُجَاعًا أَقْرَعَ ، لَهُ زَبِيبَتَان ، يَأْخُذُ بِلِهْزِمَتِهِ يَوْمَ الْقِيَامَةِ ، ثُمَّ يَقُولُ : أَنَا مَالُكَ ، أَنَا كَنْزُكَ „На кого Аллах ќе му даде богатство, па тој од него не дели зекат, nа Судниот ден (богатството) ќе биде претворено во огромна отровна змија со црни дамки над очите, таа ќе го стега околу вратот, потоа ќе го земе за вилици и ќе му рече: ‘Јас сум твоето богатство, Јас сум твоето богатство!‘.“ (Бухари)

Мудрости на издвојувањето на зекатот

Во издвојувањето на зекатот се наоѓаат бројни користи како за оној кој издвојува зекат, така и за оној кој го прима. Од тие користи се следните:

1 – Со издвојување на зекатот се исполнува еден од темелите на исламот, вера која е гаранција за човековата среќа на дуњалук и ахирет.

2 – Издвојувањето на зекатот човекот го приближува до Аллах, субханеху ве те`ала, влијае на зголемување на иманот, напротив, издвојувањето на зекатот е доказ за иман бидејќи за зекатот исто така се вели садака, а на овој збор близок е зборот сидк кој има значење искреност, па така зекатот ја отсликува искреноста на иманот – верата кај човекот.

3 – Во издвојувањето на зекатот се наоѓаат бројни награди на Воз-вишениот Аллах. Возвишениот вели: „Аллах ја уништува кама-тата, а ги намножува милостините.“ (Превод на значењето на Ел-Бекара, 276) Исто така вели: „А парите кои ги давате за да се зголемат со парите на другите луѓе, кај Аллах нема да се зголе-мат, а за зекатот кој го давате сакајќи го Аллаховото лице – на таквите повеќекратно ќе им се зголемат добрите дела.“ (Ер-Рум, 39)

4 – Со зекатот се чисти имотот, го побудува Аллаховиот берекет врз имотот кој останува во посед.

5 – Оној кој издвојува зекат со тоа се чисти од алчност и скржавост, грев и лоши дела, како што за тоа зборува Веровесникот, саллаллаху алејхи ве селлем: „Садаката ги гасне лошите дела како што водата го гасне огнот.“ (Ибну Хиббан, сахих) Исто така со тоа вер-никот се навикнува на делење на својот имот на Аллаховиот пат.

6 – Со зекатот се исполнуваат потребите на сиромашните муслимани.

7 – Со зекатот се зацврстуваат братските односи помеѓу муслиманите, се шири љубов, свест за меѓусебното потпомогнување; па кога богат муслиман ќе му подели зекат од својот имот на сиромавиот брат муслиман, невозможно е – ако и постоело – во градите на овој сиромашен да се пронајде завидливост и злоба кон богатиот.

8 – Со издвојувањето зекат, верникот се заблагодарува на Возви-шениот Аллах на благодатите од имотот кој му го подарил.

Кој е обврзан да издвои зекат?

Зекат е обврзан да издвои секој оној кај кого се исполнат следните услови:

1 – Ислам, т.е. да е муслиман. Од неверниците зекат не се прима, бидејќи зекатот е ибадет кој не се прима освен од муслимани.

2 – Поседување нисаб – одредени граници во имотот после што се установува дали некој е обврзан да издвои зекат или не од дотичниот имот.

3 – Таа количина на имот да се поседува цела година дена. Аллахо-виот Пратеник, саллаллалху алејхи ве селлем, рече: „Нема зекат на имот сè додека над него не помине година дена.“ (Ибн Маџе и други, а шејх Албани го оценил за веродостоен во Ирваул-галил, 787)

Пропис за оној кој ќе ја негира обврзаноста на зекатот или не го издвојува заради скржавост

Што се однесува до оној кој ја негира обврзаноста на издвојувањето зекат свесно, со знаење, без никаква присила, таквиот станува неверник. Доколку тоа го направи од незнаење, обврзаноста на зекатот не му е позната, бидејќи израснал далеку од местото каде се зборува за верата и сл., таквата личност не престанува да биде муслиман со тој чин, но се подучува за обврската на зекатот.

Што се однесува до оној кој поради скржавост не издвојува зекат, а признава дека е обврска да се издвои зекат, самото негово неиздвојување не го прави неверник, бидејќи Веровесникот, саллаллалху алејхи ве селлем, зборувајќи за кој натрупува злато и сребро и не го дели на Аллаховиот пат, после казнувањето на Судниот ден неговиот пат ќе биде или до Џеннет или до Оган, па таквиот со своето дело да станал неверник, сигурно Џеннетот не би бил никако во опција. Меѓутоа, доколку постои шеријатска власт таа од него ќе го земе зекатот, макар и присилно, бидејќи во неговиот зекат се наоѓа туѓо право.

Имот на кој се дава зекат

Зекат се издвојува под одредени услови на одреден имот: злато и сребро, житарици и посеви кои се собираат од поле, стока и трговска роба.

На злато се дава 2,5% ако биде повеќе од 91,6 грама, а на сребро исто така 2,5% ако биде повеќе од 641,5 грама откога ќе помине година.

На пари кои ќе достигнат висина на нисабот, а кој оваа година изнесува 3090 евра, откако тој или поголем износ помине година дена се дава 2,5% на име зекат.

На име посеви се дава 5% ако земјата се наводнува, ако се напој-увала со дожд или река тогаш 10%, ако било и едното и другото тогаш 7,5% ако при собирањето на земјоделските производи се добие повеќе од 612 килограми.

Што се однесува до стоката, Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рече: „Не постои ниту еден сопственик на камили, крави и овци на нив да не издвојува зекат, а да не дојдат на Судниот ден поголеми и позгоени, па ќе го прободуваат со нивните рогови, ќе го газат со своите копита. Кога со него ќе заврши последната, ќе му се врати првата, и сè така сè додека не се пресуди меѓу луѓето.“ (Муслим)

Што се однесува до стоката, неопходно е нејзе да ја биде во одре-ден број, па така неопходно е камилите да бидат најмалку 5, крави 30, а овци 40. Овој број мора да биде присутен цела година, не смее да биде помалку.

Исто така, неопходно е стоката да биде на пасиште во текот на цела година или поголемиот дел од годината, и стоката мора да биде наменета за плодење, а не за работа или тргување.

И што се однесува до трговската роба, Возвишениот Аллах рече: „ О, верници, давајте од убавите работи што сте ги стекнале.“ (Ел-Бекара, 267)

Во трговска роба влегува сè што е припремено и одредено за трго-вија од: станови, автомобили, роба во трговија и сл. На сета таа роба, откако ќе се изврши годишен попис, моменталната состојба на сета роба, и се утврди дека има износ во количина на нисаб на злато или сребро, обвска е да се издвои 2,5%, сеедно дали тогашната цена на робата била поголема или помала од онаа по која ја набавил робата.

Имамот Ебу Ханифе и правниците од неговата школа сметаат дека ваџиб е да се даде зекат на мед. Ебу Ханифе смета дека нисаб дури и не е потребен и дека треба да се одвои една десетина од мед без оглед на неговата количина.

Што се однесува до зекат на накит, најисправно мислење е дека жената е должна да даде зекат на накит ако достигне количина на накит. Според хадисот кој го пренесува Абдуллах ибн Амр ибн Ас р.а. во кој се наведува дека една жена влегла кај Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, заедно со својата ќерка. На рацете од неј-зината ќерка биле две златни нараквици, и Пратеникот, алејхис селам, прашал: „Дали даваш зекат на тие нараквици?“ „Не“, одговорила жената. أأَيَسُرُّكِ أَنْ يُسَوِّرَكِ اللَّهُ بِهِمَا يَوْمَ الْقِيَامَةِ سِوَارَيْنِ مِنْ نَارٍ ؟ „Дали би била среќна Аллах заради нив да ти облече огнени нараквици на Судниот ден?“ пак праша Пратеникот, алејхис селам. Во тој момент жената ги фрли нараквиците и рече: „Отсега тие му припаѓаат на Аллах и Неговиот Пратеник.“ (хасен) (Постојана комисија за Фетви)

И на крај – драги браќа – да ги спомнеме категориите на кои им припаѓа зекатот. Тие котегории самиот Аллах џ.ш. ги одредил без да прифати нечија одлука во тој поглед. Во таа смисла се пренесува хадисот каде се наведува дека дошол еден човек кај Аллаховиот Прате-ник и му рекол: „Дај ми дел од зекатот!“ Пратеникот а.с. му одговорил: „Аллах не се задоволил со одлуката на ниеден веровесник ниту некој друг во поглед на зекатот, па така самиот пресудил и го поделил на осум делови. Затоа, ти ако припаѓаш во една од тие категории ќе го добиеш своето право.“ (Ебу Давуд)

Еве ги тие осум категории спомнати во деветтото поглавје од Кура-нот:

إِنَّمَا الصَّدَقَاتُ لِلْفُقَرَاء وَالْمَسَاكِينِ وَالْعَامِلِينَ عَلَيْهَا وَالْمُؤَلَّفَةِ قُلُوبُهُمْ وَفِي الرِّقَاب وَالْغَارِمِينَ وَفِي سَبِيلِ اللَّهِ وَابْنِ السَّبِيلِ فَرِيضَةً مِّنَ اللَّهِ وَاللَّهُ عَلِيمٌ حَكِيمٌ

„Навистина, зекатот им припаѓа на сиромашните, на бед-ните, на оние кои го собираат, на оние чии срца треба да се придобијат, за откуп на робови, за оние кои имаат долг, за оние на Аллаховиот пат и на патниците. Аллах така одредил! Аллах сè знае и мудар е!“ (Ет-Теубе, 60)

Зекат не се дава на неверници, ниту на тешки грешници, меѓу кои спаѓаат и оние кои го изоставаат намазот или се изигруваат со исламските прописи. За исправноста на зекатот потребен е нијет, кој е доволен со срце. Значи не е дозволено некој да даде одреден износ без намера за зекат, а потоа да занијети она што го дал да биде зекат.

Аллах во Куран – суре Фуссилет за оние кои не даваат зекат и не веруваат во Судниот ден вели дека се мушрици.

Еден познат научник вели: „Во нашите околности во прв план при давање на зекат доаѓа категоријата ‘За општи потреби на исламското општество’ односно давање (Фи Себилиллах).“ Познатиот коментатор на Куранот Решид Рида вели: „Давање на Божјиот пат значи давање за општите потреби кои претставуваат основа во верската и општата зеадница.“

Потоа истиот коментатор вели: „Во нашево време најпотребно е Зекат и Садакатул-фитр да се даваат за потребите за школување и подготвување на луѓе кои ќе ги толкуваат и објаснуваат исламс-ките вистини...“

Драги браќа, ова беа прописите на зекатот со кои би морале добро да се запознаеме како на Аллах би му го вратиле неговото право кое Му припаѓа, бидејќи луѓето можеме да ги измамиме, ама на Аллах најсигурно нема да можеме. Затоа, да седнеме, хартија и молив, и диги-трон во рака па да го пресметаме, ама искрено, својот зекат и со тоа да го очистиме својот имот и да ги помогнеме оние на кои им е потребна нашата помош.

И на крај да го послушаме овој пример кој е поврзан и со зекатот и други важни верски дела:

Шејх АбдулКерим ел-Мушејких, раскажува: „Држев предавање на тема „Аллаховата моќ/кудрет“ и после предавањето ми се јави една сестра прашувајќи ме: ‘О, шејх, јас сум искушана со тешка болест! Пред три години се омажив и мојот сопруг отпатува надвор од државата (Саудија) и кога се врати беше заразен со болест. По три месеци од бракот многу се изморив и паднав болна. Откако отидов во болница, ми направија и мене и на маж ми крвни анализи и се утврди дека и јас сум заразена со болеста која ми ја пренел маж ми.’.“

Продолжува со нејзината сторија...

Таа вели: „Жими Аллах, шејх, еве веќе три години одиме на исток и запад, и се колнам дека потрошивме еден милион и петстотини ријали барајќи лек и повторно не најдовме лек, а ти во твоето предавање зборуваше за Аллаховата моќ!“

Шејхот и одговори: „Да, јас зборував за Аллаховиот кудрет, и во тоа сум сигурен (Ла илахе иллаллаху вахдеху ла шеријке лех, лехул-мулку велехул-хамду ве хуве ала кулли шејин кадир).

Шејхот ѝ рече: „Алимот Ибнул Џевзи, Аллах да му се смилува, рекол: ‘Дадете Му на Аллах она што Тој го сака, за да ви даде она што вие го сакате, одѕвијте се на Аллах кога ќе ве повика, да ви се одѕвие вам кога вие ќе Го повикате Него.’ Тука е лекот.“

Шејхот ѝ рекол: „Барам од вас двајца да се придржувате за четири точки!“

Таа: „Кажи, шејх, што треба да направиме?“

Прво: Потруди се оваа цела седмица во текот на 24 часа да бидете под абдест заедно со тебе и твојот сопруг, штом ви се расипе абдестот веднаш земете нов, дури и на спиење кога ќе одите да бидете со абдест.

Второ: Секој пат кога ќе ви падне на ум болеста, дадете Му го на Аллах она што го сака. Најсакани зборови кај Аллах се: Субханаллах, вел-хамдулиллах, ве ла илахе иллаллах, валлаху екбер. Повторувајте ги 50 или 60 пати најмалку на ден.

Трето: Применете го во дело хадисот: „Чувајте го вашиот имот со зекат, лекувајте ги вашите болни со садака и искушенијата пречекајте ги со дова.“ Четврто: Многу славете Го и величајте Го Аллах. Во хадис стои: „О уммете Мухамедов, нема никој кој сака да биде повеќе пофалуван и величан од Аллах.“ (Бухари, Муслим) Шејхот вели: „Не поминаа четири дена кога таа се јави и ми рече: ‘О шејх, се чувствувам подобро и одморено, па моли Го Аллах за мене!’.“ Шејхот ѝ рече: „Ти си одморена и поврзана со Аллах, ти замоли Го Аллах за нас!“ Шејхот вели: „И после пет или шест дена ми испрати порака во која вели: О шејх, ми се јавија од болница, отидовме со сопругот, лекарката под чиј надзор бевме, зеде од нас примерок од крв, ги однесе во лабараторија и после 15 минути се врати со резултатите од анали-зата и ни рече: Седнете, сакам да бидете спокојни и да ви кажам, се колнам во Аллах, дека нема никаков траг од вашата болест по вашите тела.“

Ла илахе иллаллах, пет дена, со четири точки се излекуваа од опасна болест.

Го молам Аллах да го прими нашиот пост, нашите намази и учење Куран, да ги очисти нашите срца од злоба, омраза, алчност и завидливост, а нашите имоти од примеси на харами и по пат на давање зекат да го зголеми и да ни подари бериќет. Амин.

Ариф еф Рамадани

Прегледи: 126

Биди умен

Во џума не излегви со кола.

#сподели
Најчитани новости
Неверојатната Приказна на Мухаммед Хусрев од Лабуништа: Живот Полн со Борба и Наследство
Неверојатната Приказна на Мухаммед Хусрев од Лабуништа: Живот Полн со Борба и Наследство
Недела 26.01.2025

Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...

Пресели Д-р Минур Мемишоски – Почитуван Стоматолог
Пресели Д-р Минур Мемишоски – Почитуван Стоматолог
Сабота 15.02.2025

Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...

Пронајден камен со природни арапски написи „Аллах“ и „Мухаммед“ во Лабуништа
Пронајден камен со природни арапски написи „Аллах“ и „Мухаммед“ во Лабуништа
Сабота 30.08.2025

При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...

Се продава куќа со двор во Лабуништа – 540 м² куќа + 1500 м² двор
Се продава куќа со двор во Лабуништа – 540 м² куќа + 1500 м² двор
Среда 03.09.2025

Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...

Масовен јавен собир во Лабуништа: Граѓаните бараат решенија за проблемите со обложувалниците и гејминг клубовите
Масовен јавен собир во Лабуништа: Граѓаните бараат решенија за проблемите со обложувалниците и гејминг клубовите
Петок 24.04.2026

Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...

Познато новото раководство на Лабуништа – еве кој ќе ја води месната заедница!
Познато новото раководство на Лабуништа – еве кој ќе ја води месната заедница!
Сабота 10.01.2026

Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...

Ејлем Бекироска од Лабуништа освои бронзен медал на меѓународниот натпревар INFOMATRIX ASIA 2026 во Астана
Ејлем Бекироска од Лабуништа освои бронзен медал на меѓународниот натпревар INFOMATRIX ASIA 2026 во Астана
Петок 27.03.2026

Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...

Селото му посакува среќно пензионирање на Сафет Демиралеиски – човекот што ја пресметуваше не само математиката, туку и добрината
Селото му посакува среќно пензионирање на Сафет Демиралеиски – човекот што ја пресметуваше не само математиката, туку и добрината
Петок 31.10.2025

По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...

Честитка до д-р Ферид Салкоски од жителите на Лабуништа по повод стекнувањето на титулата субспецијалист по педијатриска пулмологија
Честитка до д-р Ферид Салкоски од жителите на Лабуништа по повод стекнувањето на титулата субспецијалист по педијатриска пулмологија
Петок 25.04.2025

Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...

Првите Лабуништани на Хаџ: Патување со трагичен крај
Првите Лабуништани на Хаџ: Патување со трагичен крај
Недела 09.02.2025

Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...

Асфалтирани улици, но без лик — време ли е за вистински ред?
Асфалтирани улици, но без лик — време ли е за вистински ред?
Недела 16.11.2025

Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...