Вторник 20.10.2026
Приклучете се на нашата заедница
ТОП
05:19
Имсак
06:17
Сабах
06:52
Изгрејсонце
12:31
Пладне
15:28
Икиндија
17:58
Акшам
19:23
Јација
Контактирајте со Месната заедница на Лабуништа
Прегледи: 1.541.210

АРАМ ГЕЛДИ – АРАМ ГИТТИ / Арам дојде – арам си отиде.

Лабунишки Мудрости Вторник 29.09.2026


Старите лабуништани во принцип се труделе сè што заработувале за живот и сè со што ги прехранувале своите семејства да биде стекнато на дозволен и чесен начин — што би се рекло, со пот заработено. Особено се внимавало заработката да биде алал.

Во тоа време најголемиот дел од населението живеело горе-долу со сличен животен стандард. Немало големи разлики меѓу луѓето, а и она малку што се имало се ценело ако било стекнато со труд и со чист образ.

Кога родителите ги испраќале своите чеда на печалба, а домаќинките своите домаќини да заработуваат за семејството, еден од главните аманети бил:

„Чувај се од арам!“

Не било најважно колку ќе заработиш и колку ќе донесеш дома. Поважно било она што ќе го донесеш да биде алал — чесно заработен денар, без туѓ хак (туѓо право), без измама и без неправда.

Зашто старите добро знаеле:

Малку со бериќет вреди повеќе од многу без бериќет.

Но, како и секогаш во животот, имало и исклучоци.

И покрај родителскиот аманет и молбите на оние што чекале дома, се случувало некој да се занесе по она што го гледал околу себе. Ќе видел како некој живее раскошно, вози скап автомобил, има богато опремена куќа и располага со многу пари, па и кај него ќе се разбудела желбата што побрзо да стигне до истото.

А кога човек ќе почне повеќе да гледа што има другиот, отколку како го стекнал, лесно може да ја заборави границата меѓу алалот и арамот.

Така, се случувало некои да тргнат по друг пат.

По некое време, кога ќе се врателе во родниот крај, доаѓале со скапи автомобили, со многу пари во џебот и со желба сите да видат дека „успеале“. Се расфрлале со пари, се фалеле со она што го стекнале, а понекогаш во нивното однесување се чувствувала и надменост кон оние што продолжиле да живеат поскромно.

Таквата слика знаела да предизвика восхит, особено кај помладите. Гледајќи го раскошот пред себе, тие лесно можеле да помислат дека токму тоа е мерилото за успех во животот.

Но старите лабуништани, оние што се имале нагледано сè и сешто во животот, не се восхитувале толку лесно.

Тие знаеле дека не треба да се гледа само колку човек има, туку и од каде му дошло тоа што го има.

Па кога некој помлад со восхит ќе зборувал за таквото богатство, некој од старите знаел мирно да му рече:

„Абе, синко, не се восхитувај на такво богатство и на таков раскош. Арам гелди – арам гитти. Арам дојде – арам си отиде.“

И животот понекогаш навистина знаел да ги потврди нивните зборови.

По некое време ќе се слушнело дека „бизнисот“ пропаднал. Парите ги снемало, раскошот завршил, а скапите автомобили што некогаш привлекувале погледи станале минато.

А оние што до вчера се расфрлале со пари, знаеле повторно да дојдат меѓу истите луѓе и да побараат помош — некој да им помогне да најдат работа и одново да почнат чесно да заработуваат за живот.

Тогаш старите немале потреба од многу зборови.

Само ќе речеле:

„АРАМ ГЕЛДИ – АРАМ ГИТТИ.“ Арам дојде – арам си отиде.

Поука за денес

Секако, старите со ова не сакале да кажат дека секој богат човек богатството го стекнал нечесно, ниту дека секоја загуба е последица на арам.

Нивната порака била многу поедноставна:

Не гледај само колку има човек — гледај како го стекнал тоа што го има.

И денес, кога луѓето лесно го покажуваат она што го поседуваат, а многу потешко се гледа патот по кој дошле до него, оваа стара мудрост не изгубила ништо од својата вредност.

Зашто не е најважно колку ќе внесеш во својот дом, туку што внесуваш со тоа — алал или арам, мир или немир, бериќет или негово отсуство.

Затоа старите повеќе го ценеле чесно заработениот денар и чистиот образ, отколку богатството со сомнително потекло.

И сето тоа го собирале во четири едноставни зборови:

„АРАМ ГЕЛДИ – АРАМ ГИТТИ.“

✍️ Јакуб Казимоски

Од циклусот „Мудрости на старите лабуништани“

Прегледи: 452
Секој ден ново прашање

Провери дали знаеш да возиш

Едно прашање. Една шанса. Колку добро ги знаеш правилата?

Како одговорија другите?
Точно
1100%
Неточно
00%

1 учесници во квизот денес

Според ситуацијата прикажана на сликата и завземената положба на возилата пред крстосницата, тие се престроени за движење во насока:

Секој ден ново прашање

Избери ги сите точни одговори.

Секој ден ново прашање

Провери дали знаеш да возиш

Едно прашање. Една шанса. Колку добро ги знаеш правилата?

Како одговорија другите?
Точно
1100%
Неточно
00%

1 учесници во квизот денес

Според ситуацијата прикажана на сликата и завземената положба на возилата пред крстосницата, тие се престроени за движење во насока:

Секој ден ново прашање

Избери ги сите точни одговори.

Биди умен

Во џума не излегви со кола.

#сподели
Најчитани вести
Неверојатната Приказна на Мухаммед Хусрев од Лабуништа: Живот Полн со Борба и Наследство
Неверојатната Приказна на Мухаммед Хусрев од Лабуништа: Живот Полн со Борба и Наследство
Недела 26.01.2025

Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...

Пресели Д-р Минур Мемишоски – Почитуван Стоматолог
Пресели Д-р Минур Мемишоски – Почитуван Стоматолог
Сабота 15.02.2025

Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...

Се продава куќа со двор во Лабуништа – 540 м² куќа + 1500 м² двор
Се продава куќа со двор во Лабуништа – 540 м² куќа + 1500 м² двор
Среда 03.09.2025

Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...

Пронајден камен со природни арапски написи „Аллах“ и „Мухаммед“ во Лабуништа
Пронајден камен со природни арапски написи „Аллах“ и „Мухаммед“ во Лабуништа
Сабота 30.08.2025

При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...

Масовен јавен собир во Лабуништа: Граѓаните бараат решенија за проблемите со обложувалниците и гејминг клубовите
Масовен јавен собир во Лабуништа: Граѓаните бараат решенија за проблемите со обложувалниците и гејминг клубовите
Петок 24.04.2026

Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...

Ејлем Бекироска од Лабуништа освои бронзен медал на меѓународниот натпревар INFOMATRIX ASIA 2026 во Астана
Ејлем Бекироска од Лабуништа освои бронзен медал на меѓународниот натпревар INFOMATRIX ASIA 2026 во Астана
Петок 27.03.2026

Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...

Познато новото раководство на Лабуништа – еве кој ќе ја води месната заедница!
Познато новото раководство на Лабуништа – еве кој ќе ја води месната заедница!
Сабота 10.01.2026

Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...

Селото му посакува среќно пензионирање на Сафет Демиралеиски – човекот што ја пресметуваше не само математиката, туку и добрината
Селото му посакува среќно пензионирање на Сафет Демиралеиски – човекот што ја пресметуваше не само математиката, туку и добрината
Петок 31.10.2025

По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...

Честитка до д-р Ферид Салкоски од жителите на Лабуништа по повод стекнувањето на титулата субспецијалист по педијатриска пулмологија
Честитка до д-р Ферид Салкоски од жителите на Лабуништа по повод стекнувањето на титулата субспецијалист по педијатриска пулмологија
Петок 25.04.2025

Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...

Првите Лабуништани на Хаџ: Патување со трагичен крај
Првите Лабуништани на Хаџ: Патување со трагичен крај
Недела 09.02.2025

Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...