Известувања Лабуништа Новости Понеделник 31.08.2026
Утре, 1 септември 2026 година, започнува новата учебна 2026/2027 година, а за 80 дечиња од Лабуништа тоа ќе биде првиот ден во училишните клупи.
Лабуништа и оваа година останува рекордер по бројот на првачиња меѓу руралните средини во државата. Вкупно 80 првачиња од Лабуништа од утре ќе го започнат своето образовно патување во ООУ „Мурат Лабуништи“.
Иако од година во година се забележува намалување на бројот на ученици, пред сè како последица на иселувањето на семејствата во западноевропските земји, Лабуништа и понатаму се издвојува со значителен број деца кои започнуваат прво одделение.
Генерацијата која оваа година треба да започне со основното образование брои околу 180 деца. Од нив, 80 своето образование ќе го започнат во родното Лабуништа, додека околу 100 деца ќе го започнат образовниот процес во земјите од Западна Европа, каде што нивните семејства се иселиле.
Овие бројки уште еднаш ја покажуваат големината на Лабуништа, но воедно и предизвикот со кој се соочува средината – иселувањето на младите семејства и нивните деца.
За најмалите утре започнува едно ново и значајно поглавје исполнето со нови знаења, другарства и незаборавни училишни моменти.
На сите ученици, а особено на нашите најмали првачиња, им посакуваме среќен почеток, многу успех, знаење и убави моменти во текот на учебната година! Среќно првачиња! 🎒📚
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...