Новости Околина Вторник 21.01.2025
Македонскиот репрезентативен играч за врска ќе ја продолжи кариерата во кинескиот прволигаш Далијан Јингбо.
Алими, кој на 2 февруари ќе наполни 31 година, го напушта романскиот клуб Сепси каде играше од летото 2023 година. Таму го привлече вниманието на македонскиот селектор Благоја Милевски, дебитираше за Македонија и почна да биде редовен – благодарение на неговите добри настапи.
Далијан Јингбо ќе плати на Сепси 400.000 евра за неговите услуги. Алими оваа сезона одигра 17 натпревари во романската Суперлига, постигна 4 гола и двапати асистираше.
За Македонија, Алими досега има играно 13 натпревари а своето деби го имаше во септември 2023 година против Италија во Скопје и има постигнато 2 гола.
Неговиот нов тим Далијан Јингбо минатата сезона заврши на второто место во кинеската втора лига и се пласираше во првата лига. Новата сезона во кинеската лига започнува на 21 февруари.
И покрај неговиот трансфер во Далечниот Исток, се надеваме дека Алими ќе продолжи да биде редовен во националниот тим бидејќи се покажа како вреден адут.
Инаку Алими е од струшко Делогожда, а во својата богата кариера има настапувано меѓу другите и во калчолигашите Аталанта и Киево додека својата кариера ја започнал во струшки Влазними.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...