Бизнис Заедница Известувања Новости Околина Петок 21.03.2025
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Општина Струга, во периодот што следи ќе иницира координиран инспекциски надзори со сите надлежни инспекциски служби во општина Струга како државни така и општински инспектори и во таа насока упатува јавен апел до сите сопственици на локали и други деловни објекти кои што вршат услужни и дејности од областа на угостителска, туристичка, услужна како и дејност - подготовка за послужување на храна и пијалоци и кафе барови, дека ќе се започне заедничка проширена контрола на инспекторите.
Од таа причина се известуваат сопствениците на деловните објекти дека се должни, на лице место да имаат подготвено оригинали или фотокопии од следниве документи:
Одобрение за вршење дејност
Одобрение за поставување урбана опрема
Елаборат за поставување на урбана опрема
Тековна состојба
Имотен лист за деловен објект
Елаборат за заштита на животната средина
Елаборат за заштита од пожари и доказ дека истиот е спроведен на лице место
Лична карта на одговорно лице
Телефонски број и лице за контакт
Службен е-маил
Овие документи треба да бидат подготвени и да ги поседуваат лицата кои управуваат или работат во локалот, како би можеле да ги приложат на инспекторите при вршење на надзорот. Истите треба да бидат во фотокопија за потребите на инспекциската постапка. Притоа, контролите ќе се одвиваат врз сите локали на територијата на опоштина Струга, а за сите констатирани неправилности, инспекторите ќе издадат Решение за отстранување на недостатоци кои ќе треба да бидат отстранети во рок од согласно закон, како и прекршочен платен налог.
Доколку се најдат неправилности, а инспекторот констатира дека е надвор од негова надлежност ќе се составуваат записници и истите да ги достават на понатамошна постапка до надлежен инспектор.
Општина Струга
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...