Лабуништа Новости Среда 23.09.2026
Жителите од населбата Краста во Лабуништа реагираат на состојбата со патот кој, како што велат, со сопствени средства и труд го формирале и асфалтирале самите жители.
Според нивните реакции, при интервенција на компанијата ЕВН, асфалтот бил пресечен, но по завршувањето на работите не бил саниран и вратен во првобитната состојба. Наместо тоа, ископот бил пополнет со тампон.
„При првиот дожд тампонот се разнесе на асфалтот, а водата започна да го оштетува патот“, реагираат жителите.
Денес на дел од улицата се забележуваат големи оштетувања и дупки, а камења и тампон се наталожени по коловозот, што дополнително ја отежнува безбедноста на сообраќајот.
Жителите бараат оштетениот дел да биде саниран и патот да биде вратен во состојба во каква што бил пред интервенцијата, особено имајќи предвид дека станува збор за пат кој, според нив, е изграден и асфалтиран со средства и ангажман на самите жители.
„Не бараме ништо повеќе од тоа патот да се врати во состојбата во која беше пред интервенцијата“, велат жителите на Краста.
Едно прашање. Една шанса. Колку добро ги знаеш правилата?
1 учесници во квизот денес
Едно прашање. Една шанса. Колку добро ги знаеш правилата?
1 учесници во квизот денес
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...