Известувања Лабуништа Новости Вторник 02.12.2025
Муфтијата на Струга, Х. Ади еф. Муртиши, денес во службените простории на Муфтиството на ИВЗ Струга, свечено ги додели Декретите за имамска служба на двајцата имами на ДолнаЏамија во Лабуништа – Истреф еф. Јускоски и Анис еф. Изети.
Во пријатна и братска атмосфера, Муфтијата им честиташе на двајцата имами, истакнувајќи ја големата одговорност што ја носи оваа благородна должност. Тој ја нагласи важноста имамот да биде светлина на упатството, збор на мудрост, пример за морално однесување и вистинска поддршка за верниците и заедницата во која служи.
„Имамската служба е чест, но и висока одговорност кон Аллах и кон заедницата. Секој имам треба да биде водилка, потпора и добар пример во секојдневниот живот,“ порача Муфтијата Муртиши.
Муфтиството на Струга им посака на имамите успех, бериќет и леснотии во извршувањето на нивната мисија, молејќи го Семоќниот Аллах да им подари искреност, сила и награда за нивната посветеност и за секој чекор на овој благословен пат.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...