Лабуништа Новости Петок 05.12.2025
Учениците од нашето училиште О.О.У "Мурат Лабуништи"-Лабуништа повторно блеснаа со својот труд, креативност и научна љубопитност. На предметот Хемија, преку експериментите „Tsunami di Aqua“ и „Fire Snake“, тие покажаа одлично практично знаење и умешност во изведување научни демонстрации.
Овој ентузијазам и посветена работа резултираа со значајно признание на натпреварот „First Step Science“, каде нашите ученици освоија трето место во конкуренција од над 103 проекти и околу 200 ученици. Нивниот успех беше постигнат под стручно менторство на наставникот Бесарт Бојку, кој континуирано ги мотивира и насочува кон научни постигнувања.
Ова признание претставува доказ за квалитетот на нашите ученици и наставниот кадар. Честитки за заслужениот успех! Продолжуваме да ги поттикнуваме младите научници, со уште поголема посветеност и стремеж кон нови победи.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...