Лабуништа Новости Петок 25.07.2025
ЛАБУНИШТА – Во просториите на Долна Џамија во Лабуништа вчера се одржа значаен и емотивен верски настан организиран од Мектеб Хидајех, посветен на оддавање признание и пофалба на жените кои со посветеност и љубов кон верата успешно го завршија изучувањето на Теџвид и читањето на Чесниот Куран.
Муалимката Аниса Рочи (Јускоска) им врачи признанија на вкупно 67 жени, од кои:
51 жена успешно ја завршија наставата по Теџвид (правилата на читање на Куранот),
15 жени ја завршија хатмата (целосно читање на Куранот),
и 1 жена доби признание за хифз (учење на памет на џузот Тебарак).
Настанот помина во свечена и топла атмосфера, исполнета со духовна енергија, охрабрување и благодарност. Голем број на жени присуствуваа на овој настан, што уште еднаш ја потврдува важноста на верското образование и улогата на жената во зачувување и пренесување на духовните вредности во заедницата.
Овој успех не е само личен триумф на учесничките, туку и инспирација за целата заедница, особено за младите генерации кои го гледаат примерот на упорност, трпение и љубов кон знаењето.
Мектеб Хидајех продолжува со својата мисија за ширење на исламското образование и духовно издигнување, поставувајќи нови стандарди на посветеност и ангажман.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...