Лабуништа Новости Четврток 24.07.2025
Вечерва во спортската сала во Лабуништа се одржа значаен верски настан на кој присуствуваа голем број на посетители од Лабуништа и околните населени места. Гостин и предавач на трибината беше реномираниот професор и хафиз Амар Башиќ од Босна и Херцеговина, познат по своето длабоко познавање на исламската теологија и инспиративни обраќања.
Настанот започна со свечено учење на ајети од светата книга Кур'ан, кое го изведе младиот Амар Дервишоски од с. Октиси, чиј мелодичен глас внесе посебна духовна атмосфера. Потоа, заедно со младото медресант Нихат Јускоски од Лабуништа, кој моментално се образува во Сараево, проучија текбири, салавати и неколку илахии, кои ги воодушевија присутните.
Централниот дел од програмата го исполни говорот на проф. хафиз Амар Башиќ, кој зборуваше на тема за важноста на заедништвото, заштитата на верата, негувањето на традициите и силата на заедницата. Неговиот говор беше топло прифатен од присутните и остави силен впечаток со својата длабока порака и искрена емоција.
Модератор на програмата беше имамот од Лабуништа и претседател на хуманитарното здружение „Дијаспора Лабуништа“ кој живее и работи во Швајцарија , Нагим еф. Мустафоски, кој со голема умешност и достоинство ја водеше вечерта.
Овој духовен собир уште еднаш потврди дека Лабуништа е средина со силно верско чувство, посветена на духовниот раст и негување на исламските вредности. Настанот беше организиран со поддршка на локалната заедница и здружението „Дијаспора Лабуништа“, а пораките пренесени вечерва ќе останат трајно врежани во срцата на сите присутни.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...