Новости Околина Четврток 21.08.2025
Во утринските часови, околу 8 часот, во близина на село Подгорци избувна пожар кој зафати површина од приближно 40 хектари, при што изгореа сува трева и дел од ниска вегетација. Според првичните информации, пожарот е предизвикан од човечки фактор.
Огромна заслуга за навременото реагирање има познатиот активист од Подгорци, Шабан Адемоски, кој прв пристигна на местото на пожарот и преку апел на социјалните мрежи ги информираше мештаните за случувањето и ги повика да помогнат во гаснењето. Неговиот повик придонесе многу граѓани навремено да се организираат и да излезат на терен.
На почетокот во гаснењето интервенираа две возила – од Противпожарната служба и од Шумската полиција, кои не успеаја сами да го совладаат огнот. Подоцна пристигна поголемо противпожарно возило од Струга и уште едно возило од Лабуништа, со чие ангажирање пожарот беше успешно локализиран.
Покрај професионалните служби, во гаснењето активно се вклучија и млади доброволци од Подгорци кои со ранци со вода помагаа на непристапните делови каде што не можеше да се употреби црево. Значајна помош дадоа и доброволци од Лабуништа.
Благодарение на брзата реакција на пожарникарите, активистите и граѓаните, спречено е ширење на огнената стихија и можни поголеми последици.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...