Лабуништа Новости Петок 29.08.2025
Не пропуштај ги петоците, направи некое мало добро дело!
Не мора секогаш да биде чистење. Добро дело може да има илјада форми:
✨ Во Турција има традиција наречена „askıda ekmek“ – луѓето оставаат платен леб во пекарницата за оној што нема пари. Зошто да не оставиме ние кафе, сендвич, тост или пак вода?
✨ Во Мароко честа пракса е заедничко садење дрвја или средување јавни градини – секое ново дрво е трага што останува за генерациите што доаѓаат.
✨ Во Египет луѓето често организираат заеднички ифтар за сиромашни – маса на улица за сите. Кај нас тоа може да биде едноставен ручек, супа или кафе со дел од фамилијата.
✨ Во Босна и Херцеговина е познато делењето софра – маса со храна каде секој е добредојден. Што ако и ние направиме мала „софра“ со комшиите, само за да ги одржуваме врските измеѓу себе?
✨ Во Индонезија постои „gotong royong“ – традиција каде цело маало заедно гради куќа или помага некој да ја поправи покривната плоча. Замисли само ако и кај нас еднаш во месецот сите комшии се соберат и направат нешто заедничко.
👉 Добро дело може да биде и едноставно:
• Да му помогнеш на ученик со учење.
• Да посетиш старо лице што живее само.
• Да подариш облека или книга.
• Да оставиш порака со охрабрување на јавно место.
• Да споделиш насмевка.
• Да споделиш садака.
Џума е ден за себапи. Ако секој направи нешто мало, заедно ќе создадеме нешто големо.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...