Лабуништа Новости Вторник 15.07.2025
Ако некогаш сте се прошетале низ Вевчани, сигурно ви паднало в очи колку убаво и природно изгледа нивната река – со зеленило, со природен тек и со живот околу неа. Вистинска слика на село што се грижи за својата природа. 🌿💧
Од друга страна, Лабунишка Река – која со децении била симбол на животот во нашето село – денес е целосно покриена со бетон. Изгубен е природниот изглед, а реката е сведена на корито со ѕидови, наместо да биде украс на селото.
Но, зошто дојдовме до оваа состојба?
Причината за бетонирањето е заштита од ширење болести, кои се појавија како резултат на недисциплинирано фрлање отпад во реката. Самиот народ ја претвори реката во дива депонија. Со тек на време, наместо да ја чуваме – бевме приморани да ја затвориме.
🙁 Но замислете – ако сите заедно ја сочувавме чиста, денес можеби ќе изгледаше како реката во Вевчани – природна, жива и убава.
🔄 Време е за промени! Ако сакаме утре повторно да слушаме звук на вода, птици и детска смеа покрај реката – треба денес да престанеме да фрламе отпад и да почнеме да се грижиме.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...