Живот и здравје Сабота 25.01.2025
Секторот за жени при Муфтиството на ИВЗ Струга денес организираше посебна програма во просториите на Муфтиството, посветена на величествениот настан Исра и Миѓраџ. Програмата беше проследена со корисни предавања и теми кои директно ја засегаат здравствената состојба и благосостојбата на жените во општеството.
Предавањата ги одржаа теологот Хурије Мехемети-Биба и д-р Хаџере Алиед, кои споделија со учесничките вредни знаења и практични совети под темата: „Против ракот на матка – Превенција и свесност“.
Теологот Хурије Мехемети-Биба пренесе инспиративни пораки од Исра и Миѓраџ, истакнувајќи ја важноста на духовната и физичката грижа за жената, како аманет од Бога. Таа ја нагласи пораката дека Исламот го охрабрува грижeњето за здравјето и подигањето на свеста за значењето на редовните здравствени контроли.
Од друга страна, д-р Хаџере Алиед понуди повеќе научен пристап, споделувајќи детални информации за превенцијата и лекувањето на ракот на матката, чувствителна проблематика која ги засега многу жени ширум светот. Таа ја истакна важноста на раната дијагностика, периодичните анализи и здравиот начин на живот како неопходни чекори за превенција на оваа болест.
Многубројните учеснички кои присуствуваа на овој настан имаа можност да споделат лични искуства, да поставуваат прашања и да добијат одговори од присутните експертки. Оваа програма беше оценета како една од најважните активности, не само за зајакнување на верата и духовната поврзаност, туку и за подигнување на свеста кај жените за нивното здравје и важноста на грижата за себеси.
Оваа програма беше силен повик за духовна и физичка грижа, инспирирајќи ги присутните да бидат свесни за своите вредности и важноста на доброто здравје како дар од Аллах.
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...
Речиси сите улици во Лабуништа денес се асфалтирани, но сепак им недостига оној ...
Адреналин, сила и страст кон оф-роуд возењето – тоа најдобро го опишува Енес „Па...
Во 2024 година, малото но деловно моќно село Лабуништа уште еднаш покажа дека пр...