Лабуништа Новости Петок 09.10.2026
Почитувани жители и верници,
Во сабота, 10.10.2026 година, во утринските часови, ќе се изведуваат работи на монтажа на металната конструкција на минарето, при што ќе биде ангажирана автодигалка (кран).
Поради тоа, неопходно е да се обезбеди целосно слободен и непречен пристап до плоштадот пред џамијата и главната улица.
‼️ Посебно ги замолуваме сопствениците на автомобили и товарни возила кои престојуваат или се паркирани повеќе денови на плоштадот и околу џамијата, најдоцна до петок навечер да ги отстранат своите возила.
Воедно, во сабота наутро ве молиме да не се оставаат возила на плоштадот и на главната улица, бидејќи улицата мора да остане целосно проодна за непречено движење и поставување на автодигалката.
Апелираме до сите да покажеме максимална сериозност, разбирање и соработка. Овие работи се од големо значење за продолжувањето на изградбата на нашата џамија, а секое попречување со паркирани возила може да предизвика застој и отежнување на монтажата.
Ве молиме овој апел да го споделите и со оние кои можеби не се присутни, а имаат паркирано возило на плоштадот.
Со заедничка одговорност и соработка, ќе овозможиме работите да се изведат безбедно, брзо и непречено.
Ви благодариме за разбирањето, соработката и поддршката!
Едно прашање. Една шанса. Колку добро ги знаеш правилата?
1 учесници во квизот денес
Едно прашање. Една шанса. Колку добро ги знаеш правилата?
1 учесници во квизот денес
Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...
Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...
Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...
При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...
Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...
Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...
Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...
По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...
Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...
Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...