Недела 20.09.2026
Вклучи се во нашата заедница
Umbrella
ТОП
04:45
Имсак
05:44
Сабах
06:19
Сонце
12:40
Полден
16:05
Икиндија
18:49
Акшам
20:14
Јација

Контактирај со месната заедница на Лабуништа

Прегледи: 1.393.049

Контактирај со месната заедница на Лабуништа

Извештај од состанокот на Месна Заедница Лабуништа, „НатураЛаб“ , ЈКП „Хигиена“ и превозниците

Известувања Лабуништа Новости Сабота 22.08.2026


Синоќа во просториите на Месната заедница во Лабуништа се одржа состанок на кој присуствуваа претставници на МЗ Лабуништа, превозници од селото, здружението „НатураЛаб“ и ЈКП „Хигиена“ од Лабуништа.

Средбата беше иницирана од самите превозници, но за жал одзивот беше минимален.

Главна тема беше проблемот со дивите депонии, кои во последниот период повторно се појавија на повеќе локации, како и состојбата кај поранешните каменоломи, каде е определено место за истовар на земја и тврд материјал – шут.

Во наредните денови ќе бидат целосно отстранети дивите депонии долж патот кон Горна Краста, како и наталожениот шут покрај патот кај поранешните каменоломи.

На критичните места ќе биде ставен во функција видео надзор, кој ќе го покрива патот кон Горна Краста, просторот кај поранешните каменоломи и други локации каде постои можност за создавање диви депонии.

Важно известување за просторот кај каменоломите:

Таму е дозволено исклучиво истоварување на земја и тврд материјал – шут. Строго се забранува фрлање кабаст и комунален отпад.

За помал кабаст отпад, како што се мебел, електрични апарати, теписи и слично, ќе биде определено посебно обележано место, од каде отпадот потоа ќе биде преземан од ЈКП „Хигиена“ и транспортиран до депонијата во Струга.

Превозниците товарот задолжително треба да го истоваруваат директно во големите отвори. Строго се забранува истоварување покрај патиштата што водат до нив и затрупување.

Дополнително, просторот кај каменоломите ќе се користи исклучиво за шут и земја од Лабуништа.

Забрането е носење отпад од други населени места, без разлика дали превозникот е од Лабуништа.

Компаниите кои вршат поголеми ископи во Лабуништа и го истоваруваат материјалот на оваа локација ќе бидат задолжени по завршувањето на истоварот, со багер или булдожер, да го распоредат и истуркаат материјалот за да не се создава затрупаност и неред.

Од Месната заедница, ЈКП „Хигиена“ и „НатураЛаб“ апелираат до сите превозници, компании и граѓани да ги почитуваат утврдените правила и да придонесат за почиста и поуредна Лабуништа.

Секој што нема да ги почитува правилата ќе биде евидентиран преку видео надзорот и пријавен до надлежните инспекциски служби за животна средина, каде што ќе следуваат соодветни парични санкции.

Исто така видео записите од прекшителите на овој правилник ќе бидат објавувани јавно на социјални мрежи и медиуми.

Со почит,

Месна заедница Лабуништа

ЈКП „Хигиена“

Здружение „НатураЛаб“ Лабуништа

Прегледи: 1168

Биди умен

Во џума не излегви со кола.

#сподели
Најчитани новости
Неверојатната Приказна на Мухаммед Хусрев од Лабуништа: Живот Полн со Борба и Наследство
Неверојатната Приказна на Мухаммед Хусрев од Лабуништа: Живот Полн со Борба и Наследство
Недела 26.01.2025

Мухамед Хусрев (Ајдинлар) е роден во селото Лабуништа, во близина на Струга, ден...

Пронајден камен со природни арапски написи „Аллах“ и „Мухаммед“ во Лабуништа
Пронајден камен со природни арапски написи „Аллах“ и „Мухаммед“ во Лабуништа
Сабота 30.08.2025

При излет во пределот на Лабунишките бачила, мештанецот Ерсан Зенделоски наиде н...

Пресели Д-р Минур Мемишоски – Почитуван Стоматолог
Пресели Д-р Минур Мемишоски – Почитуван Стоматолог
Сабота 15.02.2025

Со длабока тага ја објавуваме веста за преселувањето на д-р Минур Мемишоски, поч...

Се продава куќа со двор во Лабуништа – 540 м² куќа + 1500 м² двор
Се продава куќа со двор во Лабуништа – 540 м² куќа + 1500 м² двор
Среда 03.09.2025

Се продава куќа во Лабуништа, место Краста, со имотен лист! Површина на куќа 540...

Масовен јавен собир во Лабуништа: Граѓаните бараат решенија за проблемите со обложувалниците и гејминг клубовите
Масовен јавен собир во Лабуништа: Граѓаните бараат решенија за проблемите со обложувалниците и гејминг клубовите
Петок 24.04.2026

Главна тема на состанокот беа два сериозни проблеми кои, според присутните, нега...

Познато новото раководство на Лабуништа – еве кој ќе ја води месната заедница!
Познато новото раководство на Лабуништа – еве кој ќе ја води месната заедница!
Сабота 10.01.2026

Координативното тело составено од членовите Сафет Демиралиески советник на градо...

Ејлем Бекироска од Лабуништа освои бронзен медал на меѓународниот натпревар INFOMATRIX ASIA 2026 во Астана
Ејлем Бекироска од Лабуништа освои бронзен медал на меѓународниот натпревар INFOMATRIX ASIA 2026 во Астана
Петок 27.03.2026

Голем успех за Лабуништа и за младите таленти од нашиот крај. Ејлем Бекироска, у...

Селото му посакува среќно пензионирање на Сафет Демиралеиски – човекот што ја пресметуваше не само математиката, туку и добрината
Селото му посакува среќно пензионирање на Сафет Демиралеиски – човекот што ја пресметуваше не само математиката, туку и добрината
Петок 31.10.2025

По многу години посветена работа, нашиот драг сограѓанин Сафет Демиралеиски зами...

Честитка до д-р Ферид Салкоски од жителите на Лабуништа по повод стекнувањето на титулата субспецијалист по педијатриска пулмологија
Честитка до д-р Ферид Салкоски од жителите на Лабуништа по повод стекнувањето на титулата субспецијалист по педијатриска пулмологија
Петок 25.04.2025

Со особена чест и гордост, жителите на Лабуништа му упатуваат најискрени честитк...

Првите Лабуништани на Хаџ: Патување со трагичен крај
Првите Лабуништани на Хаџ: Патување со трагичен крај
Недела 09.02.2025

Првите жители на селото Лабуништа кои имале можност да го обават светиот муслима...