Денес успешно беше извршена бетонажа на потпорниот ѕид во населба Краста, како дел од активностите за отворање и проширување на новиот локален пат. Овој зафат претставува важен чекор во подобрувањето на инфраструктурата и условите за живеење на жителите кои живеат во овој дел од населбата.
Работните активности продолжуваат и во наредниот период со цел целосно уредување и функционално поврзување на патот, кој ќе има големо значење за секојдневното движење, безбедноста и пристапноста за локалното население.
Проектот се реализира со заеднички напори, добра организација и поддршка од организаторите, изведувачите и донаторите, кои со својот ангажман даваат конкретен придонес за развојот на заедницата.
Аллах нека ги награди организаторите, изведувачите и донаторите за нивната пожртвуваност и хуман придонес.